Vrabotuvanje.com - Консултант за продажба - Скопје - Vrabotuvanje.com
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Консултант за продажба

Скопје

Application deadline:

  • Vrabotuvanje.com
 
Вработување ХР Солутионс, за потребите на свој клиент, АСПРОМ компанија од Скопје со дејност завршни работи во градежништво, монтажа на подни облоги, објавува оглас за регрутирање на искусни кандидати за позицијата:
 
Консултант за продажба
 
 
Цел на работна позиција:
Kонсултантот за продажба работи во насока на унапредување на успешноста на компанијата преку реализација и менаџирање со процесот на продажба во продажниот салон. Во секојдневна комуникација со клиенти, нуди информации за техничките карактеристики за производите - подните облоги. Обезбедува профитабилност и максимално искористување на капацитетите за постигнување на висококвалитетна услуга, со цел испорачување на најдобра услуга за клиентите и исполнување на деловните цели на компанијата.
 
Главни задачи и одговорности:
  • Проактивно планирање, организирање и мониторирање на целокупна активност во продажниот салон
  • Пречекување на клиенти и презентирање на перформансите и квалитетот на изложените продукти
  • Конципирање и изработка на идејни решенија за подополагачки работи
  • Изготувување на понуди, спецификации и пресметки во согласност потребите на клиентите
  • Следење на лагер на достапни количини во магацин
  • Грижа за организирање на производите и обезбедување на уреден изглед на салонот
Потребни квалификации за работното место:
  • ВСС / ССС (предност техничка струка)
  • Пожелно претходно работно искуство во продажба и работа со клиенти
  • Одлично познавање на работа со компјутери (MS Office пакет и AutoCad)
  • Солидно владеење на англиски јазик
Посакувани компетенции: 
  • Комуникациски и презентациски способности
  • Продажни вештини
  • Вештини за планирање и организирање
  • Ориентираност кон клиенти
  • Ракување со фискален апарат
Можности/ работни услови кои што ги нуди компанијата:
  • Кариерен и професионален развој и учење
  • Месечни примања со бонусна политика на наградување
  • Стимулативна и соработлива работна средина
  • Можност за обуки 

​Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете ваша апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација, со назнака за позицијата Консултант за продажба.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Management amounts to 39.113 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more