Vrabotuvanje.com - Инспектор за квалитет и Оператор во производство - Скопје - Теламон
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Инспектор за квалитет и Оператор во производство

Скопје

Application deadline:

  • Теламон

ТЕЛАМОН - една од најголемите приватни компании за производство на кабелски сетови за пасивни системи за безбедност од автомобилската индустрија од Индијана, САД со седиште во Скопје (Инџиково) има отворени работни позиции за:​

 
ИНСПЕКТОР ЗА КВАЛИТЕТ
и
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО
 
1. ИНСПЕКТОР ЗА КВАЛИТЕТ
 
Потребни знаења и вештини: 
  • Способност за читање и разбирање технички цртежи. 
  • Способност за користење на разни видови на мерни уреди и јасно документирање на резултатите.
  • Самоиницијативен и тимски играч.
  • Добри комуникациски вештини со способност за работа во мулти-културна средина.
  • Задолжително е добро познавање на англиски јазик. 
  • Спремност да се одговори на задачи кои се надвор од препишаните.
Работната позиција опфаќа:
  • Инспекција на готови производи користејќи различни мерни инструменти. 
  • Документирање и одржување запис за инспекција на готови производи. 
  • Контрола на прв производ, контрола на процесот и контрола на готовите производи како што е дефинирано во Контролниот план.
  • Одржување документација за горенаведените инспекции. 
  • Поддршка на документирање на процесот и квалитет на производот.
  • Поддршка со учество во анализирање на грешки.
  • Работење согласно работни упатства и инструкции од претпоставен.
  • Вршење на работните задачи со полно работно време во траење од 40 часа седмично.
  • Почитување на интерните правила и политики, генералното работно време, времето за паузи.
  • Директно рапортирање на Менаџерот за Квалитет.
  • Работа во стоечка положба.
 
2. ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО
 
Потребни знаења и вештини: 
  • Самоиницијативен и тимски играч.
  • Добри комуникациски вештини со способност за работа во мулти-културна средина.
  • Спремност да се одговори на задачи кои се надвор од препишаните.
  • Способност да користи или да се обучи да користи разни рачни алати.
  • Способност за изведување основни математички операции (собирање, одземање, множење и делење).
  • Способност за читање и разбирање на инструкциите за работа и на документите за квалитет.
  • Мора да биде детален за да обезбеди квалитет при изработка на производите.
  • Редовност и доколку е потребно прекувремена работа.
Работната позиција опфаќа:
  • Работење согласно работни упатства и инструкции од претпоставен.
  • Вршење на работните задачи со полно работно време во траење од 40 часа седмично.
  • Почитување на интерните правила и политики, генералното работно време, времето за паузи.
  • Тестирање на составениот производ.
  • Потврдување на сите делови и налепници согласно упатствата за работа.
  • Евидентирање на серискиот број на делот на серијата.
  • Следење на едноделен проток при склопување на готовите производи.
  • Доколку е потребно да врши дневни превентивни проверки на состојбата на опремата.
  • Сортира несоодветните материјали.
  • Обучува и ги следи воспоставените процеси и постапки на Lean производство.
  • Работа во стоечка положба и повторувачки движења со раце.
 
Теламон нуди:
  • Редовна исплата на плата и надоместоци.
  • Можност за кариерен и личен напредок.
  • Постојано учење и надградување.
  • Безбедна и сигурна работна средина.
 
Вработувањето во "Теламон-Европа" е взаемна врска на доверба и сигурност. Имаме должност да се грижиме кон вработените, а должност на вработениот е да ги изврши законските и разумни наредби на Теламон-Европа.
 
Ги охрабруваме припадниците на сите општествени групи да аплицираат соодветно на барањата на позициите. 
 
Кандидатите заинтересирани за позицијата Инспектор за квалитет и Оператор во производство, кои ги исполнуваат посочените знаења и вештини, потребно е да достават своја биографија во електронска форма преку полето Брза Апликација. 
 
Секој заинтересиран кандидат во subject на напишаниот e-mail за аплицирање, потребно е да ја наведе позицијата за која аплицира.
 
Краен рок за аплицирање е 13 јуни, 2019 година.
 
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со целосна доверливост.
Единствено кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more