
Македонијатурист како организација од областа на угостителството и туризмот е основана во април 1963 г. со интеграција на три постојни хотелски организации во Скопје. Овој тип на здружување овозможи созадавање на крупна и еминентна хотелско-угостителска организација која опфаќаше преку 70% од вкупниот капацитет за сместување на туристи во градот.
Во 1990 г. ХУП Македонијатурист се трансформира и организира како Акционерско друштво, а во 1995 г. е одржано и конститутивното собрание на акционерите, според остварената доприватизација и избрани се раководните органи. Од 1995 г. година до денес, Македонијатурист работи успешно како акционерско друштво, располагајќи со девет (9) профтни центри и вработувајќи преку 300 професионалци во својата област.
Македонијатурист, за во Бест Вестерн Хотел Турист, Скопје има потреба од следната работна позиција:
МЕНАЏЕР НА РЕСТОРАН
1 (Еден) Извршител
Потребни квалификации за Менаџер на ресторан:
- ВСС/ССС
- Работно искуство минимум 2 години, пожелно во областа
- Аналитичен, ориентиран кон успех, Раководни и лидерски способности, Високо развиено чувство за координирање на трошоци и економичност
- Познавање на најчесто користени софтверски решенија - MS Office
- Јаки организациски, комуникациски вештини, можност за работа со рокови и под притисок
Работни задачи за Менаџер на ресторан:
- Одговорен за целокупната стока, состојба, залихи, книговодствена евиденција и изглед на ресторанот
- Раководи, го организира и овозможува развој на персоналот во ресторанот
- Ги спроведува мерките за максимална економичност во работењето и текот на сите процеси во работењето на ресторанот
- Ги спроведува информациите и упатствата за работа од претпоставениот
- Информира за проблемите на ресторанот и предлага мерки за нивно решавање и унапредување на работењето
- Врши контрола преку точно дефинирани контроли и мерки и постојана комуникација со претпоставениот
- Врши обука во ресторанот на нововработените
Ние нудиме:
- Пријатна работна атмосфера
- Регрес и платен одмор согласно Законските нормативи



