Македонијатурист како организација од областа на угостителството и туризмот е основана во април 1963 г. со интеграција на три постојни хотелски организации во Скопје. Овој тип на здружување овозможи созадавање на крупна и еминентна хотелско-угостителска организација која опфаќаше преку 70% од вкупниот капацитет за сместување на туристи во градот.
Во 1990 г. ХУП Македонијатурист се трансформира и организира како Акционерско друштво, а во 1995 г. е одржано и конститутивното собрание на акционерите, според остварената доприватизација и избрани се раководните органи. Од 1995 г. година до денес, Македонијатурист работи успешно како акционерско друштво, располагајќи со девет (9) профтни центри и вработувајќи преку 300 професионалци во својата област.
Македонијатурист, за во Бест Вестерн Хотел Турист, Скопје има потреба од следната работна позиција:
РЕЦЕПЦИОНЕРИ
2 (Двајца) Извршители
Потребни квалификации за Рецепционер:
- ВСС/ССС
- Работно искуство минимум 1 година, пожелно во областа
- Задолжително познавање на англиски јазик
- Познавање на странски јазици, пожелно
- Познавање на најчесто користени софтверски решенија - MS Office
- Јаки организациски, комуникациски вештини, можност за работа со рокови и под притисок
Работни задачи за Рецепционер:
- Одлични комуникациски вештини
- Врши прием на гости согласно листата на резервации и слободни соби
- Се грижи за ефикасно задоволување на барањата на гостите
- Љубезен и професионален однос кон гостите
- Сериозен и одговорен пристап кон поставените задачи
- Комуникативна, одговорна и лојална личност
- Самоиницијативност и посветеност на работата
- Динамичност, желба за работа и тимски дух
Ние нудиме:
- Пријатна работна атмосфера
- Регрес и платен одмор согласно Законските нормативи