Македонијатурист како организација од областа на угостителството и туризмот е основана во април 1963 г. со интеграција на три постојни хотелски организации во Скопје. Овој тип на здружување овозможи созадавање на крупна и еминентна хотелско-угостителска организација која опфаќаше преку 70% од вкупниот капацитет за сместување на туристи во градот.
Во 1990 г. ХУП Македонијатурист се трансформира и организира како Акционерско друштво, а во 1995 г. е одржано и конститутивното собрание на акционерите, според остварената доприватизација и избрани се раководните органи. Од 1995 г. година до денес, Македонијатурист работи успешно како акционерско друштво, располагајќи со девет (9) профтни центри и вработувајќи преку 300 професионалци во својата област.
Македонијатурист, за во Хотел Белви, Скопје има потреба од следната работна позиција:
ГОТВАЧИ
3 (Тројца) Извршители
Потребни квалификации за Готвач:
- Завршено средно образование
- Пожелно предходно работно искуство на иста позиција
Работни задачи за Готвач:
- Приготвува разновидни јадења и специјалитети
- Се грижи за одржување на хигиената во кујната
- Самоиницијативност и посветеност на работата
- Динамичност, желба за работа и тимски дух
Ние нудиме:
- Пријатна работна атмосфера
- Регрес и платен одмор согласно Законските нормативи