Vrabotuvanje.com - Електро - Техничар - Скопје - Ван Хоол Македонијa
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Електро - Техничар

Скопје

Application deadline:

  • Ван Хоол Македонијa

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт телефонски број (02) 551-2851, заради проширување на производствени капацитети, има потреба од нови вработувања на баратели на работа, со завршени средни стручни или занаетчиски училишта, за извршување на работни задачи на работно место:

ЕЛЕКТРO -ТЕХНИЧАР

Опис на работни задачи:
  • Поставување на електричните ормари за конектори
  • Поврзување со напојување: поврзување на батериите, детектирање и отсранување на дефекти
  • Инсталација на софтвер, програмирање и подесување на параметри
  • Почетно стартување на автобусот
  • Проверка на панелот со инструменти (додека работи моторот) + детекција и отстранување на дефекти
  • Дијагностицирање со компјутер на ( мотор, менувач, АБС, ЕСЦ...) и бришење на датотеката со грешки
  • По извршеното тест возење да се провери функционалната контрола на погонските компоненти 
  • Визуелна проверка на електричниот систем ( конекции, батерии, кабли, конектори, сензори...) + отстранување на дефекти
  • Проверка на параметрите на моторот 
  • Проверка на софтверот ( надградби и пораки за грешки..)
  • Отстранување на датотеката со грешки (пред и по тест возењето)
  • Други работни задачи по налог на претпоставениот раководител
 
Потребно образование, вештини, способности:
  • Средно образование од техничките струки
  • Познавање на англиски јазик
  • Способност за читање на техничка документација
  • Способност за прецизна работа со детали
 
Што нудиме:
  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ
  • Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа
  • Можност за професионално усовршување, обука и напредок на работното место
  • Обезбеден автобуски превоз до работното место и назад
  • Обезбедена исхрана во современа кантина
 
Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”. 
 
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 
 
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 
Краен рок за доставување на апликациите: 24/06/2019
 
Исклучиво апликациите доставени преку www.vanhool.mk ќе бидат земени во предвид. 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more