Vrabotuvanje.com - Референт за книговодство - Скопје - Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Референт за книговодство

Скопје

Application deadline:

  • Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН

Групацијата ТИТАН повеќе од еден век успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. Групацијата ТИТАН ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин за Групацијата стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност

Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на

Референт за книговодство 

Избраниот кандидат ќе извршува работни задачи во Службата за локално сметководство како сметководител односно: книжење и проверка на фактурите за набавки и услуги од домашен пазар и увоз, за влезните фактури - внесува валута на плаќање во систем и резервирање на плаќањето вирмански и во спецификација, книжење на сите видови исплати по различни основи на надворешни физички лица и вработените, материјално книжење на приемници и требовања и месечна анализа на залихи и анализа на трошоците. Кандидатот треба да има изразени аналитички способности и прецизност во работењето. Работното време е 40 часа неделно и од 08:00 – 16:00 дневно. Основната нето плата за работното место е од 20.000 – 24.000 денари.
 
 
Потребни квалификации:
  • ССС/IV степен образование eкономско училиште/ гимназија
  • Работно искуство до 3 години во областа на сметководството ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на МS Office
  • Познавање на англискиот јазик
 
Конкурентски предности:
  • Желба за работа во средина со високи барања
  • Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност 
  • Тимска работа и кооперативност
 
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:   
  • Мотивациско писмо 
  • Биографија (CV)
  • Доказ за завршено образование
 
Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето
 
Кандидатите  треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
 
Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.
 
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.
 
Аплицирањето се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје,
 
 каде заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат потребните документи.
 
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Electrical Engineering amounts to 22.219 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more