Vrabotuvanje.com - Референт за финансиска контрола - Скопје - Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Референт за финансиска контрола

Скопје

Application deadline:

  • Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН

Групацијата ТИТАН повеќе од еден век успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. Групацијата ТИТАН ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин за Групацијата стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност.

Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на

Референт за финансиска контрола

Избраниот кандидат ќе учествува во изготвување на годишниот буџет на Компанијата, како и во ребаланси на буџетот, следење на спроведувањето на буџетот и информирање на менаџментот, изготвување на повеќегодишни стратешки планови и проценка на инвестиции; изготвување на дневни и месечни извештаи за продажба; показатели на успешност и финансиски извештаи, консолидација на финансиските извештаи, анализа на фиксните и варијабилните трошоци од работењето; изготвување на презентации, соработка со сите сектори во Компанијата како и со тимот од Секторот за финансии во главното седиште на Групацијата. За својата работа ќе известува на Раководителот на Службата за планирање и контрола. Работното време од 08:00 – 16:00 часот. Основната нето плата за работното место изнесува 32.000-38.000 денари.
 
 
Потребни квалификации: 
  • Економски факултет, ВСС/VII степен (240 кредити)
  • Работно искуство најмалку 2 (две) години во планирање и контрола, изготвување буџети и  месечни извештаи
  • Напредно познавање на Microsoft Excel, Power Point и одлично познавање на другите MS Office апликации
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Познавање на SAP ќе се смета за предност
 
Конкурентски предности:
  • Отворен за соработка и желба за работа во средина со високи барања
  • Одлични аналитички способности и прецизност во работењето
  • Добри комуникациски и организациски способности
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Тимско работење и кооперативност
  • Ефективност и ефикасност
 
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:   
  • Мотивациско писмо 
  • Биографија на англиски јазик (CV)
  • Доказ за завршено образование
 
Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
 
Кандидатите  треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
 
Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.
 
Аплицирањето се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје
 каде заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат потребните документи.
 
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more