Oбезбедувањето е наша примарна дејност уште од 2000 година како прва лиценцирана агенција за обезбедување на лица и имот на територијата на Република Македонија.
Себеси се гледаме како стабилна компанија која нуди сигурност на своите клиенти преку професионално делување и максимална посветеност за изнаоѓање на соодветните безбедносни решенија.
Агенција која делува на целата територија на Република Македонија со повеќе од 400 вработени кои го прават Вашето секојдневие побезбедно.
Оса Обезбедување има потреба од следната работна позиција:
Работник во Мото-патролна служба
Компанијата нуди:
- Одлични услови за работа
- Вработување веднаш
- Пријавување на полниот износ на плата од прв ден
- Редовна исплата на плата
- Дополнителни примања за секој одработен прекувремен работен час
- Можност за напредување
Условите кои треба да ги исполнувате се следниве:
- Завршено минимум средно образование
- Поседување на лиценца за физичко обезбедување
- Поседување на возачка дозвола Б - категорија
- Да не сте осудувани и против вас да не се води кривична постапка
- Способност за самостојна работа или работа во тим
Доколку барате стабилна работа во сериозна компанија со редовни месечни примања и Ве привлекува динамична и развојна работна средина, сте заинтересирани за работа во приватниот безбедносен сектор и барате можност за професионална надградба, контактирајте не на 075/203-803 или испратете ваше CV преку полето Брза Апликација.
Со пријавувањето на горенаведените контакти станувате дел од базата на Апликанти во Агенција за приватно обезбедување ОСА – потенцијални кандидати за работа.
Агенцијата врз основа на апликациите ќе направи предселекција на кандидатите.