Vrabotuvanje.com - Машински инженери - Скопје - Скопје - МИКРОСАМ Прилеп
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Машински инженери - Скопје

Скопје

Application deadline:

  • МИКРОСАМ Прилеп

Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 29-години Микросам има инсталирано над 240 производни линии во повеќе од 40 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити.  Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот.  Дознајте повеќе на www.mikrosam.com

Микросам ДОО, Прилеп - светски бренд за производство на современи, компјутерски управувани машини за производство на композитни материјали, отвора канцеларии во Скопје и има потреба од нов стручен кадар:

 
МАШИНСКИ ИНЖЕНЕРИ – 5 работни места​
во Скопје
 
Основни одговорности и задачи:
  • Развој и конструирање на специјални CNC машини за купувачи од целиот свет
  • Пресметки на погонски и преносни елементи, FEA анализа, статички и динамички анализи и пресметки
  • Планирање и следење на производствените процеси
  • Изработка на техничка документација, технички цртежи и 3Д модели
  • Контактирање и посета на добавувачи и купувачи надвор од Македонија
Квалификации и компетенции:
  • Завршен Машински факултет или при крај со студии
  • Задолжително познавање на англиски јазик (германски и руски јазик се предност)
Што нудиме?
  • Одлични услови за работа во креативна средина
  • Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
  • Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
  • Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
     
Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација
 
ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАЧУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО за кое аплицирате.
 
Рокот за пријавување е до 20.07.2019г..
 
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју. 
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Mechanical Engineering and Naval Architecture amounts to 26.404 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more