Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 29-години Микросам има инсталирано над 240 производни линии во повеќе од 40 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com
Микросам ДОО, Прилеп - светски бренд за производство на современи, компјутерски управувани машини за производство на композитни материјали, отвора канцеларии во Скопје и има потреба од нов стручен кадар:
во Скопје
- Проектирање на системи за автоматско управување на CNC машини
- Програмирање во PLC, C/C++, и платформи за Real-Time
- Изработка на цртежи/електрични шеми
- Контактирање и посета со добавувачи и купувачи надвор од Македонија
- Завршен Електро факултет или при крај со студии
- Задолжително познавање на англиски јазик (германски и руски јазик се предност)
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
- Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
- Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
- Организиран превоз и храна