Оглас за работа: ИНЖЕНЕР ЗА КВАЛИТЕТ НА КЛИЕНТИ
Локација: Скопје, Македонија
Clean Air Division е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.
Џонсон Мети има потреба од ИНЖЕНЕР ЗА КВАЛИТЕТ НА КЛИЕНТИ кој ќе му се придружи на тимот за Осигурување на квалитет во фабриката за автокатализатори во Скопје, Македонија.
Главни одговорности
- Осигурување дека сите валидирани производи ги исполнуваат барањата за квалитет на купувачи. Да учествува и да го поддржи процесот на APQP во фабриката. Да подготвува и навремено да испраќа PPAP сет на документи во согласност со барањата на клиентот. Да добива одобрување од клиентот за поднесените документи.
- Да го подржува подготвувањето на образци за сите производи во согласност со барањата на клиентот. Да подготвува и испраќа сертификати за сообразност за валидации до клиенти.
- Да сумира податоци (квартално, по семестар, на годишно ниво итн.) за сите производи / технологии и да ги испраќа до регионалниот оддел за квалитет на клиенти или одделите за технологии.
- Да ги анализира податоците од производство и испекција на квалитет за проблеми со квалитетот и да предлага корективни и превентивни акции. Да подготвува документи за на детектирани разлики во квалитетот на производите, да добие нивно одобрување и да го следи нивниот статус.
- Да го мониторира и оптимизира нивото на отпад во согласност со барањата на Џонсон Мети и клиентите.
- Да го зголемува нивото на свесност за квалитет во организацијата.
- Да превземе било кои други должности кои се во согласност со вештините и способностите на вработениот, а кои се соодветно појаснети
Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?
- Универзитетска диплома (Инженер / Технички науки)
- Работно искуство во производствена средина
- Познавање на системите за квалитет
- Задолжително е добро владеење на англискиот и македонскиот јазик
- Напредно ниво на познавање на MS Office пакетот (Excel, Word, PowerPoint)
- Добри организациски и комуникациски способности, менаџирање на време
Позицијата подразбира работа во административна смена од 08:30 до 16:30 часот.
Како да аплицирате:
Интерните кандидати треба да го информираат својот претпоставен за нивната намера за аплицирање.
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, ве молиме аплицирајте на следниот линк:
https://bit.ly/2x5eBkz
Краен рок за аплицирање: 29 јуни 2019