Оглас за работа: Техничар во одржување- механичар/ Maintenance Technician - Mechanical
Локација: Скопје, Македонија
Clean Air Division е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.
Џонсон Мети има потреба од Техничар во одржување - механичар кој ќе му се придружи на тимот за Одржување во фабриката за автокатализатори во Скопје, Македонија.
Главни одговорности
- Одржување на опремата од погонот за производство и останатата опрема која што го подржува работењето на погонот за производство, обезбедувајќи максимална ефикасност и минимално потрошено време
- Извршување на сите доделени обврски правилно, во договорената временска рамка, со почитување на барањата за здравје и безбедност при работа
- Справување со машински дефекти и превентивно одржување на опремата
- Асистирање во одржувањето на сите системи во рамките на фабриката
- Придонес за развој на одделот со иницирање на идеи за подобрување на ефикасноста/продуктивноста и безбедноста во сите работни области
- Работа со останатите колеги на совладување проблеми во функционирањето на опремата, изнаоѓање и имплементирање на нови подобри технички решенија, и сл.
Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?
- Задолжително средно образование (техничка струка) / Високо образование (Дипломиран машински инженер) би било предност
- Пожелно е професионално искуство во оддел за машинско одржување
- Техничко знаење и искуство во одржување пневматски системи и компоненти, хидраулични системи, горилници на земјен гас или нафта, одржување на мотори, пумпи, вентили, транспортери, мешалки
- Способност за независно и тимско работење, ефикасно решавање проблеми под притисок со зададени рокови
- Потребно е основно познавање на говорен и пишан англиски јазик како и MS Office пакет
Позицијата подразбира работа во смени со распоред 24/7
Како да аплицирате:
Интерните кандидати треба да го информираат својот претпоставен за нивната намера за аплицирање.
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, ве молиме да аплицирате на следниот линк:
https://bit.ly/2X2UTk9
Во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.
Краен рок за аплицирање: 7 Јули 2019