Вивакс е македонска компанија која постои 25 години и брои повеќе од 100 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.
Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.
Поради зголемениот обем на работни активности и растот на компанијата, отворена е работна позиција:
ФИНАНСИСКИ ДИРЕКТОР
Одговорности и задачи:
Ја раководи и координира работата на вработените во секторот.
Ја раководи и организира изработката на годишниот финансиски план и буџетите во компанијата.
Соработува и одржува поволни деловни односи со деловните банки и другите финансиски институции и управува со кредитните обврски на компанијата.
Изработува редовни месечни, квартални и годишни анализи и извештаи и дава предлози за унапредување на работењето.
Врши управување, планирање и контрола на сите инвестиции на компанијата.
Потребни квалификации:
ВСС (Економски факултет).
Минимум 5 години искуство на иста или слична работна позиција.
Одлично познавање на англиски јазик.
Одлично познавање на MS Office пакет програми (Word и Excel) и развиени компјутерски вештини.
Од кандидатот очекуваме:
Самоиницијативност, лојалност, исполнителност и чесност.
Организираност и одговорност.
Цврста работна етика.
Способност за одржување дискреција при справување со доверливи или сензитивни работни активности.
Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови и проценка на приоритети.
Високо развиени аналитички и организациски способности и прецизност во работењето.
Динамичност и ефективност.
Развиени способности за планирање, организирање и координирање.
Способност за индивидуална и тимска работа.
Флексибилност и адаптибилност.
Високо развиени комуникациски и меѓучовечки односи и ефективна вербална комуникација.
Одлични аналитички способности и прецизност во работењето.
Ви нудиме:
Работа во динамична, професионална и стимулативна средина.
Можност за напредување и понатамошно усовршување во работата.
Позитивна тимска атмосфера.
Обезбеден оброк.
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо на e-mail преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака “ФИНАНСИСКИ ДИРЕКТОР“.
Конкурсот е отворен 10 работни денови од неговото објавување (од 28.06.2019 до 11.07.2019).
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака НЕМА да бидат разгледани!
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!