Vrabotuvanje.com - Комерцијалист - Територија на Р.Македонија - ВТ Компани
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Комерцијалист

Територија на Р.Македонија

Application deadline:

  • ВТ Компани


 

ВТ Компани има потреба од следната работна позиција:

КОМЕРЦИЈАЛИСТ

За територија на Р. Македонија

 

Клучни задачи и работни обврски:

  • Презентација и продажба на брендирани оптички рамки и сончеви очила
  • Прием на роба
  • Грижа и одржување на продажната роба, средства за работа и др.

Потребни квалификации:

  • ССС/ВСС
  • Претходно работно искуство во продажба на терен
  • За предност ќе се смета доколку кандидатот има искуство во продажба на брендирана роба
  • Возраст – околу  30 години
  • Возачка дозвола Б – категорија 
  • Поседување  компјутерски  вештини (MS Word, Excel, Power Point)
  • Успешно комуницирање на англиски (и друг странски јазик)

Потребни способности и вештини:

  • Динамични и позитивни личности
  • Поседуваат деловна етика и лојалност
  • Спремни за успеси
  • Умеат и сакаат да работат во тим
  • Почитуваат рокови и процедури
  • Поседуваат продажни вештини и знаења
  • Комункацијата е нивната јака страна
  • Спремни за лична и корпоративна континуирана надградба

Опис на работна позиција:

  • Комерцијалистот во ВТ Компани работи на B2B  продажба
  • Ги познава сите брендови и производи со сите функционалности и предности од нивно користење
  • Комуницира со тековни и нови потенцијални клиенти
  • Негува професионални односи со постоечки клиенти и редовно ги информира за сите нови производи
  • Креира понуди
  • Одговорен е пред директорот на компанијата и со него изготвува неделни планови за посети
  • Присуствува на комерцијални состаноци на двонеделно ниво
  • Има можност да дава предлози за нови решенија кои можат да бидат понудени, да прави анализа на пазарот за нивен пласман
  • Го штити угледот на компанијата и ги почитува интерните политики и корпоративна култура
  • Комерцијалистот во ВТ Компани работи како дел од динамичен и просперитетен тим, му се обезбедени одлични услови за работа и има можнот за постојан личен и професионален развој и напредок

 

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги испратат преку полето "Брза Апликација"

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Marketing, PR and Media amounts to 28.527 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more