ЗЕГИН ФАРМ е првата приватна компанија во Република Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.
Поради проширување на својот тим, имаме потреба од:
Експерт за изработување економска анализа на трошоци
Заинтересираните кандидати потребно е да имаат:
ВСС
Најмалку три години релевaнтно работно искуство
Познавање на финансиско моделирање и планирање
Добри аналитички способности
Добро познавање на MS Office, познавање на MS Excel на ниво на експерт
Познавање на англиски јазик
Докажана способност за работа и комуникација со луѓе од различни професионални, социјални и културни средини
Умешност да се работи со голем обем на информации
Одговорност, чесност и педантност
Работни обврски:
Управување со трошоците во претпријатието (поим и поделба на трошоци, гранични трошоци, улогата на трошоците во водењето на деловната политика на претпријатието,)
Евиденција и усогласување, анализа на структурата на трошоци на организацијата, разработка на предлози за намалување на трошоци
Алоцирање и распоред на трошоците по места и носители на трошоците
Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Експерт за изработување економска анализа на трошоци преку полето Брза Апликација. Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Traffic, Transport and Maritime amounts to 24.623 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!