Vrabotuvanje.com - .NET програмер / Software developer - Скопје - НЛБ Банка АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

.NET програмер / Software developer

Скопје

Application deadline:

  • НЛБ Банка АД Скопје

 

НЛБ Банка вработува​

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги.  Својот успех го темели на имплементацијата на висококвалитетни стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

НЛБ Банка во секторот за информатичка технологија нуди отворени работни позиции во рамки на кои ќе имате можност да работите на анализа, развој, имплементирање и поддршка на ИТ решенија и платформи, предлози за воведување на нови решенија и подобрувања на банкарското работење од областа на ИТ технологијата кон деловните корисници и клиентите на Банката.

Отворените работни позиции во Секторот за информатичка технологија се во рамки на следниве сегменти:

1 .NET програмер

Главна цел на работното место е креирање и развој на софтверски ИТ решенија,  активна комуникација за собирање на потребните технички барања од деловните корисници или бизнис аналитичари  во насока на дизајнирање на апликациите на банкарското работење од областа на  ИТ технологијата.

Улога во тимот:

  • Развој на нови front-end / back-end решенија, интерфејси;
  • Надградба на постојните апликативни решенија;
  • Одржување на постојни апликации.
  • Анализа на деловните барања и спецификација на програмско решение;
  • Организација и учество во имплементација на програмски решенија;

Потребни квалификации и компетенции:

  • Универзитетско образование од областа на информатичките науки;
  • Напредни познавања од областа на бази на податоци: Transact SQL, MS SQL Server;
  • Напредни познавања од областа на .NET технологииите за веб програмирање: C#, ASP.NET, HTML/DHTML, XML, XSLT, Java Script, CSS, Web services, jQuery, Visual studio (поседување на соодветни сертификати ќе се смета за предност);
  • Искуство за изработка и поддршка на апликации ќе се смета за предност;
  • Искуство со управување со проекти ќе се смета за предност;
  • Способност да развие партнерски ориентирани односи со бизнис корисници, крајни корисници;
  • Способност за multitasking со фокус на брза и точна реакција, запазување на рокови и професионален пристап кон работните обврски;
  • Подготвеност за континуирано стекнување на нови знаења за современи и класични алатки за поддршка и развој на софтвер;
  • Аналитички способности  и  способност за решавање на проблеми;
  • Одлични комуникациски вештини, креативно и критичко размислување;
  • Способност за тимска работа, самоиницијативност и способност за одлучување;
  • Активно познавање на странски јазик (англиски јазик).
     


2. Software developer

Главна цел на работното место е анализа, развој, имплементирање и поддршка на ИТ решенија, иницирање предлози за воведување на нови решенија и подобрувања на банкарското работење од областа на  ИТ технологијата.

Улога во тимот:

  • Развој, планирање, одржување и дополнување на програмските решенија;
  • Воведување  нови алатки за релациони бази на податоци (Microsoft SQL Database) при развојот на апликациите;
  • Помош на деловните корисници на системите при тестирање на програмските решенија и проценка на резултатите од тестирање;
  • Учество во воведување нови технологии и стандарди за развој на програмските решенија;
  • Соработка со надворешни изведувачи за развој на нови проектни решенија од областа на банкарската информатичка технологија.

 Потребни квалификации и компетенции:

  • Универзитетско образование од областа на информатичките науки;
  • Одлично познавање на релациони бази на податоци(Microsoft SQL Database);
  • Подготвеност за континуирано стекнување на нови знаења за современи и класични алатки за поддршка и развој на софтвер;
  • Способност да развие партнерски ориентирани односи со бизнис корисници, крајни корисници;
  • Способност за multitasking со фокус на брза и точна реакција, запазување на рокови и професионален пристап кон работните обврски;
  • Аналитички способности  и способност за решавање на проблеми;
  • Одлични комуникациски вештини, креативно и критичко размислување;
  • Способност за тимска работа и самоиницијативност;
  • Способност за одлучување;
  • Активно познавање на странски јазик (англиски јазик).

Ве поттикнуваме да станете дел од нашиот тим:

  • Работните места нудат предизвик за работа со модерна инфраструктура на информатичката технологија;
  • Тим на успешни професионалци, посветени на иновации;
  • Отвореност кон воведување на нови решенија од областа на ИТ технологијата;
  • Меѓусебната доверба и соработка се основни начела во работењето;
  • Можности за обука и кариерен развој;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци.

 

Заинтересираните кандидати своите податоци и CV-ја можат да ги достават на следниот линк најдоцна до среда 26 јули 2019 година, со избирање на соодветната позиција. 

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.  

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more