Vrabotuvanje.com - Соработниик за управување и развој на системи за поддршка на деловното работење - Скопје - Македонски Телеком АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Соработниик за управување и развој на системи за поддршка на деловното работење

Скопје

Application deadline:

  • Македонски Телеком АД Скопје

 
Македонски Телеком АД е водечки национален телекомуникациски оператор и е дел од Групацијата Дојче Телеком. Согласно својата мисија и стратегија за развој, компанијата постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, притоа воведувајќи новини во работењето, а се со цел да одговори на потребите на своите корисници. Во функција на остварување на оваа наша стратешка определба, постојано ги следиме и применуваме најновите методи и трендови во процесот на вработување и управување со човечките ресурси работејќи според највисоките светски стандарди.  
 
Заради пополнување на позиција во нашиот тим, имаме потреба од млади, талентирани  инжинери без работно искуство кои би сакале својата кариера да ја започнат на работно место:
 
Соработниик за управување и развој на системи за поддршка на деловното работење
Служба за фактурирање и OSS во Сектор за  ИТ во Област на главен директор за техника и ИТ 
 

Одговорности:

  • Да ги извршува активностите за апликативно одржување на системот  за тарифирање и фактурирање
  • Да зема учество во анализата на функционалните барања и да предлага решение за истите
  • Да извршува конфигурацијата на новите продукти, тарифи и  промоции во системот за тарифирање и фактурирање
  • Извршување на задачите од  циклусот за фактурирање на претплатниците 

Квалификации:

  • Високо или Вишо образование – Технички факултет – Електротехника, Технички факултет - Информациски технологии, Технички факултет - Информатички науки и компјутерски инженерство, Природно математички факултет или друг технички факултет
  • Познавање на релациони бази на податоци
  • Познавање на UNIX/Shell Scripting
  • Практични познавања од SQL и PL/SQL 
  • 0-3 години соодветно работно искуство 
  • Добро познавање на англиски јазик 

Работно време:

  • Работното време во компанијата е  флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00  часот) 

Што нудиме:

  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Компетитивна плата утврдена во согласност од компетенциите, квалификациите и работното искуство на кандидатот 
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Можност за учество во интернационални проекти и меѓународна кариера 
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Бесплатен фитнес клуб во рамките на компанијата
  • Останати бенефиции како вработен во МК
Како да аплицирате:
 
Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx и/или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за  - Соработниик за управување и развој на системи за поддршка на деловното работење
 
Огласот ќе биде објавен на ден 12.07.2019  година и ќе трае  до 26.07.2019 година
 
Контакт информации тел. 02/3 242-602, e-mail: career@telekom.mk,
 
Забелешка:
 
Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
 
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.
Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more