во филијала Скопје (Референца Бр. 005/2019),
во филијала Струмица (Референца Бр. 006/2019),
филијала Штип (Референца Бр. 007/2019) и
филијала Радовиш (Референца Бр. 008/2019)
Халкбанк АД Скопје има потреба од лица кои се ориентирани кон грижа за клиентите, на работна позиција Референт за банкарски операции која опфаќа: прием, администрација и реализација на барањата на клиентите, вкрстена продажба, директен маркетинг на производите и услугите на Банката како и редовни парични и шалтерски операции.
Потребни квалификации и карактеристики:
- Универзитетска диплома од областа на економските и деловните науки;
- Без работно искуство, а кандидатите со работно искуство на иста или слична работна позиција до 3 години во финансиска институција – банка, во процесот на селекција ќе имаат предност согласно нивното претходно работно искуство;
- Познавањето на банкарските операции со готови пари, контакти со клиенти ќе се смета за предност;
- Познавањето на англиски јазик е задолжително, додека познавањето на турски и/или албански јазик ќе се смета за предност;
- Ориентираност кон клиенти;
- Чесност и доверливост;
- Ориентираност кон маркетинг и промоција;
- Одлични комуникациски вештини;
- Ориентираност кон решавање на проблеми и критичко размислување;
- Професионален изглед и однесување.
Потребно е кандидатите да имаат познавања од најновите компјутерски технологии кои се во широка употреба.
Доколку сте заинтересирани за позицијата, ве охрабруваме да аплицирате најдоцна до 28.07.2019 година, на следниов е-маил: career@halkbank.mk со назнака на соодветната Референца согласно градот за кој што аплицирате. Пример: Референт за банкарски операции во филијала Струмица (Референца бр. 006/2019).
За да аплицирате, потребно е да ни го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки. Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката.
Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.