Vrabotuvanje.com - Експерт за изработување економска анализа на трошоци - Скопје - ЗЕГИН ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Експерт за изработување економска анализа на трошоци

Скопје

Application deadline:

  • ЗЕГИН ДОО

Искористете ја можноста да бидете дел од нашиот тим, во кој вашето залагање и Вашите вештини ќе допринесат за развој  на Вашата кариера во најуспешната компанија Зегин ДОО Ние ги сметаме  своите човечки ресурси за клучен фактор за нашиот брз и одржлив развој.
 

Експерт за изработување економска анализа на трошоци
 
 
Заинтересираните кандидати потребно  е да ги исполнуваат следниве критериуми:
  • Степен и вид на образование :ВСС 
  • Најмалку 3 (три) години претходно работно искуство на наведената позиција во областа на финансиско и материјално сметководство;
  • Одлично познавање и активно работење со апликациитe од MS Office пакетот и сметководствените апликации
  • Познавање на финансиско моделирање и планирање
  • Одлични аналитички способности
  • Одлично познавање на MS Excel на ниво на експерт
  • Одлично познавање и aктивно користење на деловен англиски јазик (пишан и говорен)
 
Други професионални квалификации  и вештини,вклучувајќи и лични квалитети:
  • Познавања од областа на сметководството и финансиите 
  • Докажана способност за работа и комуникација со луѓе од различни професионални, 
  • социјални и културни средини
  • Умешност да се работи со голем обем на информации
  • Одговорност,  чесност и лојалност
  • Високо развиени аналитички и комуникациски способности, посветеност , доверливост, вештини за организирање, капацитет за тимска и независна работа
  • Систематичност,организираност,иницијативност
  • Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање на решенија
 
Работни должности и одговорности:
  • Управување со трошоците во претпријатието  (поим и поделба на трошоци, гранични трошоци, улогата на трошоците во водењето на деловната политика на претпријатието,)
  • Евиденција и усогласување, анализа на структурата на трошоци на организацијата, 
  • Разработка на предлози за намалување на трошоци,
  • Алоцирање и распоред на трошоците по места и носители на трошоците
  • Активно следење и познавање на актуелните промени, случувања и законски регулативи во областа на финансиите и сметководството,
  • Обезбедува навремено,точно и употребливо финансиско известување  и ја надгледува подготовката и комуникацијата на месечните и годишните извештаи,
  • Одговорен за завршување на финансиски анализи  и извештаи и развој на препораки во врска со стратешки и  тактички активности,
  • Учествува за развивање на финансиски модели,планирање на идни активности и анализи 
  • Одговорен за навремено известување и информирање ,
Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју заради непосредно утврдување на способноста.
 
Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации можат да аплицираат електронски со испраќање  биографија (CV) преку полето Брза Апликација, со назнака  “Експерт за изработување економска анализа на трошоци.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more