Electus DGS во соработка со Вработување ХР Солутионс, за потребите на својот клиент Enikon Aerospace (http://enikonaerospace.com/), најголема светска компанија која се занимава со завршна обработка и боење на внатрешни делови за комерцијални и деловни авиони, објавува оглас за регрутирање:
ОПЕРАТОРИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПОВРШИНИ И ЛАКИРАЊЕ
(Во Република Хрватска)
- Претходно работно искуство не е задолжително -
Опис на работа:
Обработка на позициите со брусење и лакирање
Подготовка на материјали за обработка на површини зависно од фазата во која се работи
Раководење со позициите и сортирање за понатамошна испорака
Визуелен преглед на позициите и отстранување на неправилностите
Потребни квалификации:
Минимум средно образование
Познавање на хрватски јазик ќе се смета за предност
Способност за мануелна (рачна) работа
Тимски играч со желба за напредување
Висок степен на лична одговорност и толеранција кон повторувачки работни операции
Добро психо-физичко здравје
Возраст над 18 години - мажи и жени
Важечки македонски пасош
Услови за работа:
Работа во 3 смени
Можност за прекувремена работа за дополнителна заработувачка
Предвидена бонусна политика / стимулација на месечно ниво
Обезбедено сместување за времетраење на договорот за работа
Обезбеден транспорт од и до работното место
Можност за развој на кариерата во компанијата во Германија
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете ваша апликација со Професионална биографија преку полето Аплицирај со назнака за позицијата “ Оператори за подготовка на површини и лакирање” најдоцна до 31.07.2019 година
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!