Кандидатите потребно е да ги исполнуваат следните услови:
- ВСС Дипломиран инженер за заштита при работа или дипломиран инжженер од Техничките струки
- Предност ке имаат кандидатите кои поседуваат уверение за положен стручен испит за безбедност при работа и работно искуство со OHSAS 18001
- Работно искуство најмалку (3) години во областа на градежништвото
- Познавање на Англиски јазик
- Работа со компјутери
- Да поседува возачка дозвола Б категорија
- Работен однос на определено време од 3 месеци со можност за продолжување
- Основна нето плата во висина од 18.000,00 до 24.000,00 денари во зависност од работното искуство
Клучни одговорности и задачи:
- Ги следи законите од областа на заштита при работа
- Ја координира заштитата при работа во работната единица и води евиденција за сите активности за заштитата при работа
- Соработува со надлежните републички и општински инспекциски служби
- Соработува со специјализирани медицински установи со цел организирање систематски прегледи на работниците
- Врши контрола на градежните објекти и укажува на можни опасности предизвикани од неисправноста на уредите и орудијата за работа или неприменување на мерките за заштита при работа.
- Предлага забрана за изведување одредени работи на објекти и погони ако тие непосредно се опасни по животот и здравјето на работниците
- Изготвува анализи за повредите,професионалните и општи заболувања,предлага мерки за превенција од истите
Личен профил:
- Организираност и одговорност
- Способност за тимска работа
- Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
- Способност за работа под притисок и на кратки рокови
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работа од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 08,00 до 16,00 часот. Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
Само кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и повикани на интервју.
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност вашите податоци да бидат задржани во базата на податоци на компанијата и користени од наша страна во рок од 6 (шест) месеци.
Огласот трае седум работни дена од објавувањето. Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail:
jobs@granit.mk