ЗЕГИН ФАРМ е првата приватна компанија во Република Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.
АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА/ ДЕЛЧЕВО
За позицијата:
Управување и поддршка со оперативните процеси во аптеките на ЗЕГИН. Продажба на производите во делот за козметика и здрава храна.
Потребни квалификации:
- Образование: ССС / ВСС
- Познавање на Office
- Познавање на Англиски јазик
Личен профил:
- Комуникативност и преговарчки вештини
- Трудољубивост и доверливост
- Мотивација за работа во тим
Главни обврски и одговорности на позицијата:
- Прием и изложување на роба согласно пропишани процедури
- Позитивен однос и убедливост во комуникацијата
- Ориентираност кон потреби на купувачи
- Примена на стандардите за работа
- Грижа за имиџот на фирмата
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Асистент на продажба - Делчево преку полето Брза Апликација. Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.