Vrabotuvanje.com - Инженер микробиолог - Скопје - Вивакс
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Инженер микробиолог

Скопје

Application deadline:

  • Вивакс

Вивакс е македонска компанија која постои 25 години и брои повеќе од 100 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.

Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.

 

 

 
Поради зголемениот обем на работни активности и растот на компанијата, отворена е работна позиција:
 
 

ИНЖЕНЕР МИКРОБИОЛОГ

 
 
Одговорности и задачи:
  • Го исполнува и спроведува зададениот план за микробиолошки анализи и е одговорен за редовно земање примероци.
  • Одговара за воспоставување и мониторинг на превентивни и неопходни корективни мерки, акции во ситуација на микробиолошки резултати надвор од предвидените стандарди.
  • Врши надзор на хигиенската состојба на производство, предлага и презема мерки во случај на отстапување од стандардите.
  • Се грижи за исправноста и функционалноста на лабораториската опрема и нејзината редовна калибрација.
  • Учествува во проекти како експерт од своето поле на работење.
  • Доставува точни и навремени извештаи за микробиолошката слика во производните погони.
  • Учествува во разработка на нови микробиолошки методи и процедури и редовно ги следи директивите, референтните прописи и барања во областа на микробиологијата.
  • Навремено обезбедува информации до менаџментот за контрола на квалитет за сите настани што може да имаат влијание и импликација врз квалитетот на производот.
  • Управува и врши увид на резервите на хемикалии и лабораториски материјали.
 
Потребни квалификации:
  • ВСС (Технолошко-металуршки, ПМФ – Институт за биологија, студии по биохемија – микробиологија).
  • Работно искуство во производна индустрија или во лабораторија.
  • Силни организациски и аналитички вештини.
  • Основно познавање MS Office пакетот.
  • Одлично познавање говорен и пишан англиски јазик.
 
Од кандидатот очекуваме:
  • Самоиницијативност, лојалност, исполнителност и чесност.
  • Организираност и одговорност.
  • Цврста работна етика.
  • Способност за одржување дискреција при справување со доверливи или сензитивни работни активности.
  • Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови и проценка на приоритети.
  • Високо развиени аналитички и организациски способности и прецизност во работењето. 
  • Динамичност и ефективност.
  • Развиени способности за планирање, организирање и координирање.
  • Способност за индивидуална и тимска работа.
  • Флексибилност и адаптибилност.
  • Високо развиени комуникациски и меѓучовечки односи и ефективна вербална комуникација.
  • Одлични аналитички способности и прецизност во работењето.
 
Ви нудиме:
  • Работа во динамична, професионална и стимулативна средина.
  • Можност за напредување и понатамошно усовршување во работата.
  • Позитивна тимска атмосфера.
  • Обезбеден оброк.
 
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака “ИНЖЕНЕР МИКРОБИОЛОГ“.
 
Конкурсот е отворен 10 работни денови од неговото објавување (од 22.07.2019 до 05.08.2019).
 
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака НЕМА да бидат разгледани!

 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more