Hi-tech Assembly Center e компанија за асемблирање на електронски печатени плочки основана во 2018 година, како инвестиција на HiTech Corp.
Во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1 вo Бунарџик.
Hi-Tech Corp. е водечки Европски производител на eлектронски печатени плочки, компанија која постои 38 години, со повеќе од 200 вработени, од кои над 90 се дипломирани инженери и извезува 100% од своето производство на странски пазари, опслужувајќи широк спектар на индустрии (Airbus, Boeing, Bosch, Siemens…)
Hi-tech Assembly е специјализирана за асемблирање на мали и средни серии, кое се одвива во 8000 m2 новоизграден објект, опремен со машини кои ги исполнуваат највисоките стандарди и обезбедува комплетни end-to-end EMS решенија за клиентите
Hi-tech Assembly Center објавува
К О Н К У Р С
за вработување на повеќе лица на позициите:
1.ТЕХНИЧАР ЗА ОПЕРАТОРИ НА МОДЕРНА ASSEMBLY ЛИНИЈА
2.ДИПЛОМИРАНИ ИНЖЕНЕРИ, ЗА ПРОЦЕС ИНЖЕНЕРИ НА МОДЕРНА ASSEMBLY ЛИНИЈА
Потребни квалификации:
- Завршено средно училиште: електротехничко, машинско или хемиско (со или без работно искуство)
- Завршен факултет, пожелно електротехнички, машински, мехатроника и други (со или без работно искуство)
Кандидатите треба да ги исполнуваат и следните услови:
- Способност за следење на континуирани обуки, да се дисциплинирани, одговорни и посветени на работата
- Познавање на англиски јазик и работа со компјутери
Компанијата обезбедува:
- Обуки за позициите оператори и процес инженери
- Склучување на договор за работа
Кандидатите кои ги исполнуваат условите можат да достават кратка биографија - CV (задолжително со фотографија, адреса, телефон и датум на раѓање) и скенирано уверение за завршеното образование (со оценки) во рок од 1 месец од денот на објавување на конкурсот преку полето “Брза Aпликација”.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.