КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана во вкупно 21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс.
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од
Контролор за планирање на производството (Production Planner Controller) во Сектор за Логистика
Работни задачи и одговорности
- Долгорочно планирање и мониторирање на барањата/нарачките од купувачите/клиентите;
- Подготовка и координација во врска со планот на продажба, на дневно и неделно ниво;
- Координација со купувачите/клиентите и мониторирање на нивнита барања и нарачки на дневна основа;
- Планирање и контрола на испораките кон купувачите/клиентите, и во таа насока одржување на врски и координација со тимот за планирање на производството, Магацинот, како и одделите за Транспорт и Царина.
- Исполнување на дневните и неделните планови за продажба, во согласност со барањата на купувачите и нивните нарачки одржувајќи стабилно ниво на производство, како и оптимизација на залихите на готови производи;
Образование, искуство, вештини:
- ВСС – Логистика, Економија, ПМФ- Математика, Инженеринг, ИТ;
- Напредно познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
- Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Access, e-mail);
- Искуство во работа на B2B проекти и опкружување;
- Познавање на германскиот јазик, како и искуство во работа со SAP или други ERP/MRP софтвери ќе се смета за предност;
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за " Контролор за планирање на производството" преку полето Брза Апликација
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Краен рок за пријавување: 01/09/2019