Vrabotuvanje.com - ИТ Специјалист - Програмер - Скопје - Халкбанк А.Д. Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

ИТ Специјалист - Програмер

Скопје

Application deadline:

  • Халкбанк А.Д. Скопје

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со нашата стратегија, ние сме секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на нашиот тим им нудиме одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор. 

Согласно тековните потреби, процеси и активности во Халкбанк АД Скопје, објавуваме оглас за прием на нововработени во на следните работни позиции:

ИТ Специјалист - Програмер (Референца Бр. 011/2019) 
во Дирекција информациски средства и техничка поддршка
Основните квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува за оваа позиција се: 
  • Завршено најмалку Високо образование од областа на информатиката и компјутерските науки; 
  • Работно искуство на иста или слична позиција од најмалку 3 години;
  • Одлични познавања на англиски јазик за континуирана комуникација, пишување и читање;
  • Возачка дозвола Б категорија.
 
Истовремено, кандидатот треба задолжително да ги поседува следните познавања, вештини и квалификации:
  • Искуство во развој на апликации користејќи .Net платформа, ASP.NET, ASP.NET  MVC и C#
  • Познавање на HTML, CSS, XML, Javascript
  • Одлично познавање на релациони бази на податоци(Microsoft SQL Database);
  • Основно познавање на оперативни системи(Windows OS);
  • Активно го следи развојот на програмските јазици, помошните програми и нивната примена во пракса;
  • Подготвен да учи и да работи со најнова компјутерска технологија;
  • Професионален пристап кон работните обврски;
  • Ефикасно управување со време, приоритети и почитува рокови;
  • Чесност и доверливост;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Ориентираност кон решавање на проблеми, креативно и критичко размислување;
  • Способност за тимска работа;
  • Професионален изглед и однесување. 
 
За оваа работна позиција, кандидатот пожелно е да поседува работно искуство, познавање и способности за вршење на дел од следните работните задачи, кои што ќе бидат должност на вработениот ангажиран на горенаведената позиција:
  • Одговорен за развој и имплементација на интерни апликации за потребите на Банката.
  • Одговорен за правилно и целосно функционирање на јавната веб страна и Електронското банкарство на банката.
  • Анализирање на можностите за користење на апликациите,  вршење надзор за правилно користење, утврдување, отстранување неправилности и настанати грешки во работењето на истите;
  • Изготвување упатства, извештаи, мислења и препораки во врска со работењето на апликациите; 
  • Вршење прием, инсталација и надградба на апликации во соработка со надворешни релевантни страни;
  • Учество во проекти за унапредување на споменатите апликативни модули, како и за останати активности и тековни ангажмани во рамките на Дирекцијата.
 
Доколку сте заинтересирани за позицијата, ве охрабруваме да аплицирате најдоцна до 18.08.2019 година, на следниов е-маил: career@halkbank.mk со назнака на соодветната Референца согласно позицијата за кој што аплицирате. 
 
За да аплицирате, потребно е да ни го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки. Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката.
 
Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Banking amounts to 34.278 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more