Vrabotuvanje.com - Референт и Самостоен референт – Управување со ризици - Скопје - Халкбанк А.Д. Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Референт и Самостоен референт – Управување со ризици

Скопје

Application deadline:

  • Халкбанк А.Д. Скопје

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со нашата стратегија, ние сме секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на нашиот тим им нудиме одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор. 

Согласно тековните потреби, процеси и активности во Халкбанк АД Скопје, објавуваме оглас за прием на нововработени во на следните работни позиции:

Референт (Референца Бр. 009/2019) и
Самостоен референт (Референца Бр. 010/2019) 
во Дирекција за управување со ризици
 
 
 
За огласените работни позиции, Дирекцијата за управување со ризици при Халкбанк АД Скопје има потреба од 2 (двајца) вработени кои ги поседуваат следните квалификации:
 

Потребни квалификации и карактеристики:
  • Универзитетска диплома од областа на економските науки, со посебен осврт кон финансискиот менаџмент, статистика и економетрија; 
  • За позицијата Референт, кандидатот потребно е да поседува најмалку 2 години исто или сродно работно искуство, додека за позицијата Самостоен референт најмалку 3 години;
  • Познавањето на англиски јазик е задолжително, додека познавањето на турски и/или албански јазик е пожелно;
  • Напредно познавање и работа со Microsoft Office апликациите;
  • Солидно познавање на релевантната законска регулатива поврзана со банкарското работење, а особено од областа на управување со ризици;
  • Претходно работно искуство поврзано со изготвување на различни типови извештаи и одржување на бази на податоци;
  • Претходно работно искуство поврзано со имплементација, следење, интеграција и унапредување на работни политики и процедури;
  • Чесност и доверливост;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Ориентираност кон решавање на проблеми, аналитично и критичко размислување;
  • Професионален изглед и однесување.
 
Доколку сте заинтересирани за позицијата, ве охрабруваме да аплицирате најдоцна до 21.08.2019 година, на следниов е-маил: career@halkbank.mk со назнака на соодветната Референца согласно позицијата за кој што аплицирате. Пример: Самостоен референт (Референца бр. 010/2019)
 
За да аплицирате, потребно е да ни го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки. Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката.
 
Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more