Офис Плус, водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјал, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема, има потреба да вработи:
КОМЕРЦИЈАЛИСТ
Квалификации:
- ССС/ ВСС
- Претходно работно искуство на иста позиција ќе се смета како предност
- Познавање на англиски јазик (познавање на друг јазик ќе се смета за предност)
- Познавање на работа со компјутери
- Поседување возачка дозвола Б-категорија (активен возач)
Одговорности и задачи:
- Развивање и одржување на односи со постоечки и потенцијални клиенти
- Планирање и следење на продажни активности
- Познавање и постојано следење на каталогот и техничките карактеристики на производите
- Изработка на потребна документација
- Постигнување на месечни таргети
Вештини и способности:
- Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки вештини
- Организациски и аналитички способности
- Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
- Ориентираност кон клиенти и градење однос со потрошувачи
- Одговорна, мотивирана и стабилна личност
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Флексибилност за работа на терен
Почетна плата за постигнат таргет: 25,000 денари
Испратете ваша биографија (CV) и мотивационо писмо, преку полето Брза Апликација со назнака „Комерцијалист ”.
Доколку сакате предизвик, лесно се прилагодувате, имате позитивен и професионален пристап кон работата и поседувате добри комуникациски способности, Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим на работно место „Комерцијалист “.
Огласот е отворен 10 (десет) дена
Само одреден број на селектирани кандидати ќе бидат известени и повикани на тестирање и разговор.
Со испраќањето на вашето CV дозволувате истото да се чува и за намена вработување на исти и слични работни позиции.