Vrabotuvanje.com - Бравар II група - Скопје - Макпетрол АД
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Бравар II група

Скопје

Application deadline:

  • Макпетрол АД

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува
 
О Г Л А С
 
За вработување на 1 (еден) работник на определено време од 5 (пет) месеци, во „Макпетрол“ АД. – Скопје, на работно место бравар II група во Одделение за превентивно и тековно машинско одржување во Сектор за машински и градежни работи во Дирекција за одржување.
 
 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено средно стручно образование – машинска насока;
  • Работно искуство од најмалку 1 (една) година;
 
Дневното работно време за горенаведеното работно место е од 07:00 часот до 15:00 часот.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 22.000 денари.
Прекувремената работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти. 
 
 
Заинтересираните кандидати треба да достават:
Писмо за мотивација;
Кратка биографија; 
Копија од диплома за завршено образование;
Уверение од кривична евиденција;
Препорака од претходен работодавач;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија.
 
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
 
лице за контакт: Симе Манчески
телефон за контакт: 02/3146-532
 
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување. 
 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
 
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид. 
Рокот за пријавување почнува со денот на објавувањето на огласот и трае 5 (пет) работни дена.
 
 
 
„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more