Vrabotuvanje.com - Магацински работник - Скопје - Крашкомерц дооел
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Магацински работник

Скопје

Application deadline:

  • Крашкомерц дооел

Крашкомерц дооел Скопје е комерцијално зависно друштво, преку кое Краш ги пласира своите производи на пазарот во Македонија. Работењето на друштвото Крашкомерц е организирано преку сегментот на малопродажба и големопродажба, додека сопствениот дистрибутивен парк гарантира испорака на производите до сите купци во внатрешноста максимално 48 часа од моментот на нарачка. Друштвото, исто така, поседува и ланец на малопродажни објекти Краш-Бомбониери во Скопје, каде потрошувачите можат да уживаат во изборот и купувањето на целокупниот Крашов асортиман.

Во моментов Крашкомерц има потреба од проширување на својот тим, на позиција:

Магацински работник

Основни задачи и одговорности:
  • Извршување на задачи при превземање, складирање, достава и поделба на стока
  • Одговорен е за чување и правилно складирање на стоката во магацин
  • Ја превезува стоката со рачен виљушкар до или од транспортното возило и врши утовар или истовар
  • Врши прередување на стоката во магацин и формира палетни средства
  • Одговорен е за водење на евиденција во магацин и проверка на магацинската документација  
  • Задолжително ги почитува мерките за заштита при работа и противпожарна заштита
  • Работи и други работи согласно стручната спрема, по налог на непосредниот раководител 
  • За својата работа одговара на Раководителот на магацин
Потребни квалификации:
  • Минимум средно образование
  • Познавање на Windows и MS Office програми
  • Возачка дозвола Б категорија, предност имаат кандидатите со Ц категорија
  • Работно искуство најмалку 1 година во продажба и дистрибуција на стоки за широка потрошувачка
Личен профил:
  • Проактивен, комуникативен, фокусиран кон резултати
  • Самоиницијативност и самосталност во работата
  • Добра координација и способност за тимска работа 
  • Одговорност, кооперативност и посветеност на работата
Услови кои ги нуди Крашкомерц:
  • Возбудлива и динамична работна позиција
  • Пријатна работна атмосфера во тимски дух
  • Развој на кариерата низ соодветен тренинг

Сите заинтересирани кандидати, својата Професионална Биографија можат да ја достават преку полето Брза Апликација, со назнака на апликацијата “Магацински работник”.

Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.  
Кандидатите кои не ги исполнуваат сите наведени услови, нема да бидат вклучени во селекцијата!
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани! 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more