Vrabotuvanje.com - Финансиски аналитичар за управување со кредитен ризик - Скопје - НЛБ Банка АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Финансиски аналитичар за управување со кредитен ризик

Скопје

Application deadline:

  • НЛБ Банка АД Скопје

НЛБ Банка вработува: Финансиски аналитичар за управување со кредитен ризик

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С. Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. 

Службата за кредитни ризици во рамки на Секторот за управување со ризици во НЛБ Банка го зајакнува својот тим на успешни професионалци. Доколку сакате да бидете дел од тимот и да работите на унапредување на процесите, целите и активностите во сегментот на кредитни ризици, ве мотивираме да се пријавите на отворената атрактивна работна позиција: 


Финансиски аналитичар за управување со кредитен ризик 

 Улога во тимот:

  • Квалитетно управување со кредитните ризици во Банката, како и почитување на минимални стандарди и методологија за бонитетна класификација и почитување на законски прописи од областа;
  • Прибирање и проверка на комплетна документација, анализа на финансиските извештаи, анализа на доставените проекции како и нивно коментирање;
  • Утврдување на бонитет на друштвото како и давање на предлог за горна граница на задолжување и можни препораки и забелешки како и ограничувања;
  • Финансиска анализа и изработка на мислење и одредување на бонитет за пристапувачот кон долг за изложеноста на физичко лице.  

Потребни квалификации и компетенции: 

  • Универзитетско образование, Економски факултет;
  • Минимум две години работно искуство во сегментот за управување со ризици или претходно искуство во сегментот на кредитирање на правни лица, познавање на сметководствени практики/стандарди и бонитетна анализа на правни и физички лица;
  • Познавање и толкување на основните финансиски извештаи на претпријатијата (биланс на успех, биланс на состојба), како и познавање на концептот на готовински тек и неговите клучни двигатели;
  • Солидно познавање на Законот за Банки, супервизорска регулатива, финансиска и даночна регулатива;
  • Одлични комуникациски и организациски вештини;
  • Способност за тимска работа и самоиницијативност;
  • Аналитички вештини и способност за оценка, планирање, контрола и одлучување;
  • Поставување на приоритети и нивно исполнување, подготвеност за работа под притисок и исполнување на зададени рокови;
  • Напредно владеење на стандардизирани алатки за PC;
  • Одлично познавање на Aнглиски јазик.

Ве поттикнуваме да станете дел од нашиот тим: 

  • Работното место нуди предизвик за работа со тим на успешни професионалци, посветени на иновации;
  • Отвореност кон воведување на нови решенија од областа на управување со кредитниот ризик;
  • Меѓусебната доверба и соработка се основни начела во работењето;
  • Можности за обука и кариерен развој;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци.
 

Заинтересираните кандидати своите податоци можат да ги достават на следниот линк најдоцна до петок 13.09.2019 година со избирање на работната позиција.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју. 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more