Vrabotuvanje.com - Инжeнер за статистичка контрола на процес - Скопје - Johnson Matthey
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Инжeнер за статистичка контрола на процес

Скопје

Application deadline:

  • Johnson Matthey
 
 
Оглас за работа: ИНЖЕНЕР ЗА СТАТИСТИЧКА КОНТРОЛА НА ПРОЦЕС
(Statistical Process Control Engineer)
 
Локација:  Скопје, Македонија
 
Clean Air е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.
 
Џонсон Мети има потреба од кандидат за позицијата Инжeнер за статистичка контрола на процес да се придружи на тимот во Одделот за осигурување на квалитет во фабриката за автокатализатори во Скопје. Кандидатот ќе биде задолжен за активности поврзани со квалитет на клиенти и имплементација на системи во рамки на компанијата.
 

Главни одговорности:
  • Мониторирање и контрола на процесот преку статистички методи
  • Статистичка анализа на податоци за детектирање на проблеми во врска со квалитетот на производите
  • Подготовка на извештаи на месечно, квартално и годишно ниво на барање на купувачите
  • Разбирање на процесите и барањата на купувачите и пренесување на истите до соодветните оддели
  • Активна комуникација со Регионалниот тим за квалитет и оддели од други фабрики со цел задоволување на барањата на купувачите
  • Имплементирање на ЛЕАН активности и најдобри практики во Одделот за квалитет, како и реализација на  обуки за квалитет во одделот за производство
Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?
  • Универзитетска диплома (Инженер / Технички науки/Комерција)
  • Работно искуство во производствена средина 
  • Познавање на системите за квалитет 
  • Задолжително е добро владеење на англискиот и македонскиот јазик, познавање на дополнителен јазик ќе се смета за предност
  • Познавање на алатки за статистичка анализа
  • Напредно ниво на познавање на MS Office пакетот (Excel, Word, PowerPoint)
  • Добри организациски и комуникациски способности, менаџирање на време
 
Работно време : Административна смена 08:30 – 16:30 Пон.-Петок
 

Како да аплицирате:
Интерните кандидати треба да го информираат својот претпоставен за нивната намера за аплицирање.Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, ве молиме да аплицирате на следниот линк: https://bit.ly/2lt7Ne7
 
Во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.
 
Краен рок за аплицирање : 15 Септември 2019

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more