Vrabotuvanje.com - Администратор / помошник сметководител - Скопје - ПРО-ЦИТ д.о.о. Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Администратор / помошник сметководител

Скопје

Application deadline:

  • ПРО-ЦИТ д.о.о. Скопје

http://www.procit.com.mk

ПРО-ЦИТ д.о.о. Скопје, друштво од областа на трговија со автомобилски резервни делови распишува, ОГЛАС за слободни работни места:

Администратор / помошник сметководител

Опис на работното место и одговорности:

  • Води материјално и финансиско сметководство според двојниот систем и тоа: Главна книга,  дневник и аналитичка евиденција
  • Се грижи за чување и заштита на сметководствените книги и е задолжен нив да ги презентира на барање на некој државен орган или институција како и на барање на Раководните органи на друштвото
  • Врши прием и контрола на сметководстевна документација пред да биде книжена согласно закон и актите на друштвото 
  • Контрола на обработка на девизни сметки и девизни плаќања, увози, набавни калкулации и сл.
  • Пресметка на ДДВ и данок на добивка, пополнување, потпишување  и поднесување на даночни пријави и сите други обрасци за даночни цели
  • Контрола на благајнички дневник
  • Подготовка на статистички извештаи
  • Подготовка на периодични финансиски извештаи (БУ, ББ и готовински тек)
  • Даночни и финансиски консултации и совети за генералниот менаџмент
  • Одлично познавање на MS OFFICE пакет, интернет, e-mail комуникација
  • Возачка дозвола Б-категорија – активен возач
     

Потребни професионални квалификации и функционални вештини: 

Професионално квалификуван Сметководител кој постојано е во тек со професионалниот развој во своето поле докажано преку следниве критериуми:
  • Диплома за завршено 4-годишно високо образование од Економски Факултет (VII/1степен) (пожелен сектор: сметководство, ревизија или финансиско сметководство)
  • Поседување уверение за овластен сметководител од Институтот за Сметководители и Овластени Сметководители заверено во Регистарот на сметководители РМ
  • Работно искуство од најмалку 5 години во областа на сметководството. Предност ќе имаат кандидатите со солидно работно искуство во сектор трговија и дистрибуција.
  • Одлично разбирање на сметководствени правила и политики, вклучително МСФИ и МСС
  • Одлично познавање на Англиски Јазик. 
  • Познавање на работа со сметководствени програми
  • Способност за активно, ефективно, ажурно, брзо и аналитично работењето
  • Способност за работа во тим, и ефикасно координирање на тим

Аналитичност, почитување на рокови, самоиницијативност и лојалност 
 

Вашата професионална биографија (CV) со слика и Мотивационо писмо можете да ги испратите преку полето Брза Апликација, најдоцна до 20.09.2019 год.

Ќе бидат контактирани лицата кои ќе влезат во потесен избор.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more