Vrabotuvanje.com - Возач - доставувач на роба - ул. Горно Лисиче бр.210 - ПОПЕ КОМПАНИ ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Возач - доставувач на роба

ул. Горно Лисиче бр.210

Application deadline:

  • ПОПЕ КОМПАНИ ДОО
ПОПЕ КОМПАНИ ДОО СКОПЈЕ има потреба од следната работна позиција:
 

Возач - доставувач на роба

 
Возачот ги извршува сите работи поврзани со уредна испорака на роба. Тие работи се однесуваат на проверка на квантитетот и подготовка на роба согласно документацијата, креирање на рута - план за дневна испорака, организација на истата и утовар во возилото согласно планот за испорака, достава на робата до клиентите. 
 
 
Квалификации и образование:
  • Завршено средно образование
  • Важечка возачка дозвола Б категорија, без казни и прекршоци
  • Работно искуство како возач-доставувач или слична позиција
  • Способност за оперирање со виљушкар, во различни временски и сообраќајни услови
  • Основна компјутерска писменост
  • Познавање на користење на навигациони системи
 
Одговорности на возач – доставувач на роба:
  • Подготовка и обезбедување на возилото со соодветна потребна документација за извршување на испораките како и проверка на исправноста и безбедноста на возилото
  • Безбедно возење и придржување кон Законите, правилата и прописитеза безбедност и учество во сообраќајот
  • Подготовка на робата за испорака, контрола на нејзината квантитативност во согласност со документацијата
  • Креирање на рута - план за дневна испорака согласно потребите на клиентите како и временската расположливост за реализација на истиот
  • Достава на робата до просториите на клиентите, контрола на истата за уредно предавање согласно документацијата и обезбедување на соодветни параграфи за уредно извршена испорака
  • Телефонска комуникација со клиентите за нивно известување во случај на отстапки во однос на ветениот термин за испорака
  • Одржување на комуникација и постојана информираност на претпоставениот заради информирање за настанати промени во испораката, промена на рутата или распоредот
  • Информирање на претпоставениот за било какви опструкции кои може да ја загрозат безбедноста или ефикасноста нанавремените испораки 
  • Одговорно однесување кон возниот парк и уредна евиденција за негово редовно сервисирање, одржување и регистрација, постојана проверка со доволно гориво, масло и секогаш нивна подготвеност за возење
  • Извештаи до претпоставените за извршените испораки

Потребни професионални способности:
  • Одлични услужни способности, културно и претставително однесување кон клиентите
  • Познавање на патната инфраструктура и способност за креирање на економски исплатлива и ефикасна брза рута 
  • Одлични организаторски способности и способност за менаџирање на времето

Потребни персонални способности:
  • Добри меѓучовечки односи
  • Култура на однесување, педантност, уредност, навременост
  • Ефикасни комуникациски способности
  • Трпеливост, љубезност и ентузијазам
  • Тимска работа
  • Способност за работа под притисок
 
ПЛАТА: Основна плата 16.800,00 ден со можност за екстра услови за надпросечни бонуси.

Локација на седиште на работната позиција: ул. Горно Лисиче бр. 210
Теренско извршување на работата: ДА. Локал Скопје

Работни саати неделно: 40 часа. Полно работно време
Работа во смени: не
 
Доколку ги поседувате бараните предиспозиции и Вашиот профил одговара на бараните карактеристики, Ви благодариме доколку аплицирате и пројавите интерес да бидете дел од нашиот тим.
 
Сите заинтересирани кандидати може да се пријават преку полето Брза Апликација!

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more