Vrabotuvanje.com - Графички дизајнер - Скопје - ЗЕГИН ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Графички дизајнер

Скопје

Application deadline:

  • ЗЕГИН ДОО

Искористете ја можноста да бидете дел од нашиот тим, во кој вашето залагање и Вашите вештини ќе допринесат за развој  на Вашата кариера во најуспешната компанија Зегин ДОО. Ние ги сметаме  своите човечки ресурси за клучен фактор за нашиот брз и одржлив развој.

Поради проширување на нашиот тим, имаме потреба од:

Графички дизајнер - 1 (Еден) Извршител
 

Потребни Квалификации и вештини:

  • Соодветно образование минимум 3(три) години искуство како Графички дизајнер
  • Преземање одговорност
  • Префинето чувство за естетика / вкус за визуелно допадливи веб решенија
  • Кандидатите треба да имаат одлично познавање од следниве програми:

       *Adobe Photoshop, 
       *Adobe Illustrator, 
       *Adobe InDesign,
       *CorelDraw,
       *Adobe Premier

  • Активно познавање на англиски јазик(усно и писмено)
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција
  • Солидно познавање на MS office пакет
  • Креативност способност за запазување на детали
  • Познавање од графички дизајн и мултимедија
  • Тимски играч:смирен,корисен за тимот,способен да работи во тим и ориентираност кон пронаоѓање решенија
  • Способност за работа во динамично работно опкружување и индивидуално исполнување на поставени таргети
     

Опис  на работното место:

  • Дизајн и графичко уредување на сите потребни материјали, летоци, материјали за социјални медиуми , налепници, маици, светлечки реклами, брендирање возила
  • Дизајн и продукција на веб банери за веб страната на компанијата 
  • Дизајн и продукција на ТВ реклама за потребите на компанијата
  • Развој на комплетни креативни решенија и следење на светски трендови,за постојано да се издвојуваме со иновативен дизајн
  • Подготовка на материјали за печатење (книги, списанија, брошури, банери, флаери, каталози итн.)
  • Активно следење на глобалните трендови во областа на дизајн и адвертајзинг
  • Комуникација и дневна координација со други сектори
  • Комуникација со печатница околу техничкиот аспект на печатењето,припрема и проследување на податоци
  • Развој на комплетни креативни решенија 
     

Што нудиме:

  • Работно време од 08  до 16 часот
  • Вработување на определено време од  3  месеци со можност за продолжување
  • Пријатна работна средина
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци
  • Можност за професионален и личен развој 
 

При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа.
Заинтересираните кандидати треба да испратат најмалку три примери од изработени производи од претходна работа,и да ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе  бидат вклучени во процесот на селекција и соодветно известувани за неговиот тек.
 
Доколку имате желба  да бидете дел од успешниот тим испратете ни ја вашата кратка биографија (CV) испратите преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака “Графички дизајнер”. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more