Доколку сте на самиот почеток од вашата кариера и притоа барате искуство преку кое ќе ја видите пошироката слика на бизнисот, тогаш програмата Atlantic’s Graduate Trainee (AGT) е токму она што го барате. AGT е 12-месечна програма наменета за штотуку дипломирани студенти во потрага по своето прво работно искуство. Како Trainee ќе имате можност да искусите како е да се работи во голема компанија и какво е чувството кога ќе ја добиете првата примамлива плата.
Graduate Trainee in Quality Control – Strategic Business Unit Coffee / Skopje, Macedonia
Што можете да очекувате од оваа позиција:
- Ќе научите за компанијата и другите оддели во Атлантик Група
- Ќе добиете професионална поддршка при подготвување, спроведување и ревизија документацијата на поставените системи
- Ќе учествувате во анализа на лабораториски наоди за да дефинирате критични клучни точки во производството
- Ќе добиете искуство во проценка на ризик што влијае на производните процеси (машини, микро-клима, општи услови за работа, обука на вработените)
- Ќе работите на проект поврзан со контрола на квалитет со поддршка на ментор
- Ќе учествувате во во едукации и други развојни активности како дел од програмата Atlantic Graduate Trainee Program