Vrabotuvanje.com - Виши Специјалист за IPTV и OTT платформи - Скопје - Македонски Телеком АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Виши Специјалист за IPTV и OTT платформи

Скопје

Application deadline:

  • Македонски Телеком АД Скопје

 
Македонски Телеком АД е водечки национален телекомуникациски оператор и е дел од Групацијата Дојче Телеком. Согласно својата мисија и стратегија за развој, компанијата постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, притоа воведувајќи новини во работењето, а се со цел да одговори на потребите на своите корисници. Во функција на остварување на оваа наша стратешка определба, постојано ги следиме и применуваме најновите методи и трендови во процесот на вработување и управување со човечките ресурси работејќи според највисоките светски стандарди.  
 
Заради пополнување на позиција во нашиот тим, имаме потреба од талентирани  лица кои би сакале својата кариера да ја започнат на работно место.

Виши Специјалист за IPTV и OTT платформи 

Служба за мултемедијални и VAS платформи во Сектор за управување со портфолио,кориснички  сервиси и платформи во Област на  главен директор за техника и ИТ                                                  

Што бараме:

  • Одговорен за имплементација на стратегијата за IPTV и OTT платформите како и услугите базирани на истите
  • Одговорен за координација на активностите за развој, конфигурација и одржување на апликациите за IPTV и OTT платформите, како и нивно димензионирање
  • Да учествува и координира регионални и интернационални проекти во DT Групација поврзани со развој и имплеметација на мултимедијални сервиси
  • Да координира и учествува во процесот на анализа и вреднување на технички решенија за воведување на нови и проширување на постојните платформи за IPTV и OTT
  • Одговорен за координација на активностите за развој, конфигурација и одржување на сервисите за интеграција со останати платформи/системи
  • Ги координира и контролира активностите при интервенции за отстранување на пречки од второ ниво и обезбедува ресурси за овие интервенции во најкус можен рок и задржување на високото ниво на задоволство на корисниците, како и активности за превентивно одржување на IPTV и OTT платформите
  • Одговорен е за повикување на даватели на сервиси за интервенции поврзани со договори за поддршка и евалуација на нивните перформансите со цел добивање на висококвалитетни и навремени услуги
  • Анализа и изготвување на репорти од IPTV и OTT платформите во однос на капацитетот, оптоварувањата и испадите/девијациите со цел да се обезбеди ефикасност на платформите
  • Одговорен за  подготовка на технички барања за набавка на опрема и услуги
  • Предлага реконфигурации во мрежите со цел подобрување на искористеноста на мрежите и мрежните елементи
  • Одговорен е за правилно алоцирање и контрола на основните средства од IPTV и OTT платформите, како и обезбедување на податоци за подготовка на планот за одржување на платформите со цел точно и навремено планирање

Што очекуваме:

  • Тимски играч
  • Отвореност и подготвеност за учење
  • Креативност
  • Проактивност

Квалификации:

  • Високо образование - Технички факултет – Електротехника, Телекомуникации или останати технички факултети 
  • 5  година соодветно работно искуство
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Стручно познавање на IPTV и OTT платформите како и технологии за streaming на видео и аудио сигнали
  • Стручно познавање на оперативни системи и DNS / DHCP сервиси
  • Стручно познавање на бази на податоци SQL и PL/SQL
  • Познавање на мрежни технологии
  • Напредно познавање на MS Office

Работно време:

  • Работното време во компанијата е  флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00  часот) 

Што нудиме:

  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Компетитивна плата утврдена во согласност од компетенциите, квалификациите и работното искуство на кандидатот 
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Бесплатен фитнес клуб во рамките на компанијата
  • Останати бенефиции како вработен во МК

Како да аплицирате:

Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx  и/или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за  - Виши Специјалист за IPTV и OTT платформи 
 
Огласот е објавен на ден 16.09.2019 година и ќе трае до 25.09.2019 година
 
Контакт информации тел. 02/3 242-602, e-mail: career@telekom.mk,

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
 
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.
Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more