Vrabotuvanje.com - Соработник за IPTV и OTT платформи - Скопје - Македонски Телеком АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Соработник за IPTV и OTT платформи

Скопје

Application deadline:

  • Македонски Телеком АД Скопје

 
Македонски Телеком АД е водечки национален телекомуникациски оператор и е дел од Групацијата Дојче Телеком. Согласно својата мисија и стратегија за развој, компанијата постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, притоа воведувајќи новини во работењето, а се со цел да одговори на потребите на своите корисници. Во функција на остварување на оваа наша стратешка определба, постојано ги следиме и применуваме најновите методи и трендови во процесот на вработување и управување со човечките ресурси работејќи според највисоките светски стандарди.  
 
Заради пополнување на позиција во нашиот тим, имаме потреба од млади, талентирани лица кои би сакале својата кариера да ја започнат на работно место

Соработник  за IPTV и OTT платформи 

Служба за мултемедијални и VAS платформи во Сектор за управување со портфолио,кориснички  сервиси и платформи во Област на  главен директор за техника и ИТ 

Што бараме:

  • Се придржува кон оперативната стратегија за IPTV и OTT платформите и услугите базирани на истите
  • Учествува во реализација на проекти поврзани со IPTV и OTT платформите и услугите базирани на истите
  • Развој,поставување и одржување на IPTV и OTT апликации
  • Да учествува во процесот на анализа и вреднување на технички решенија за воведување на нови и проширување на постојните IPTV и OTT платформи
  • Одговорен за имплементација на кориснички уреди и тестирање на нови верзии на софтвер на корисничките уреди кај IPTV и OTT платформите
  • Учествува во интервенции за отстранување на пречки од второ ниво, како и изведување на ургентни активности кај IPTV и OTT платформите и услугите базирани на истите
  • Поставува и конфигурира содржини на IPTV и OTT платформите и конфигурира нови продукти на IPTV и OTT платформите
  • Изведува тестирање на функционалности и сервиси со даватели на програмски содржини (сателитски и терестријални)
  • Изведува превентивно одржување на IPTV и OTT платформите  и услугите базирани на истите. Со цел минимизирање/спречување на испади IPTV и OTT платформите и услугите базирани на истите
  • Го анализира квалитетот на сервисите поврзани со IPTV и OTT платформите
  • Дава техничка поддршка на организациските единици поврзани со активности со кориснички услуги и справување со пречки на мрежи и следење на аларми
  • Учествува при подготовка на извештаи за состојбата на опремата, испадите/девијациите на опремата и сервисите и перформансите на IPTV и OTT платформите  и услугите базирани на истите
  • Учествува во благовремено ажурирање на податоците за измени кај IPTV и OTT платформите и услугите базирани на истите

Што очекуваме:

  • Тимски играч
  • Отвореност и подготвеност за учење
  • Креативност
  • Проактивност

Квалификации:

  • Високо или Вишо  образование - Технички факултет – Електротехника, Телекомуникации или останати технички факултети 
  • 0-1 година соодветно работно искуство
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Познавање на IPTV и OTT платформите како и технологии за streaming на видео и аудио сигнали
  • Познавање на оперативни системи и DNS / DHCP сервиси
  • Познавање на бази на податоци SQL и PL/SQL
  • Познавање на мрежни технологии
  • Напредно познавање на MS Office

Работно време:

  • Работното време во компанијата е  флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00  часот) 

Што нудиме:

  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Компетитивна плата утврдена во согласност од компетенциите, квалификациите и работното искуство на кандидатот 
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Бесплатен фитнес клуб во рамките на компанијата
  • Останати бенефиции како вработен во МК

Како да аплицирате:

Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx  и/или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за  - Соработник за IPTV и OTT платформи 
 
Огласот е објавен на ден 16.09.2019 година и ќе трае до 25.09.2019 година
 
Контакт информации тел. 02/3 242-602, e-mail: career@telekom.mk,

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
 
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.
Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more