Vrabotuvanje.com - Раководител на експозитура Пробиштип - Пробиштип - УНИБанка АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Раководител на експозитура Пробиштип

Пробиштип

Application deadline:

  • УНИБанка АД Скопје


 

Раководител на експозитура Пробиштип
 
 
Кандидатот потребно е да ги има следните квaлификации:
  • Работно искуство од најмалку 3 години – банки и финансиски институции ќе имаат приоритет во изборот;
  • Одлично познавање на пазарните прилики во регионот;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на Microsoft Office;
  • Возачка дозвола Б категорија.
Избраниот кандидат треба да поседува:
  • Менаџерски и лидерски способности;
  • Подготвеност за преземање одговорност и иницијатива и способност за брзо реагирање;
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;
  • Комуникациски, организациски и аналитички вештини, ориентираност кон резултати, способност за тимска работа;
  • Способност за самостојно носење одлуки и расчистување на проблематични ситуации; 
  • Висока мотивираност за остварување на зададените цели;
  • Да извршува сложени работни активности во кратки временски рокови, а по потреба со продолжено работно време.
Од кандидатот се очeкува :
  • Да ја организира, координира, раководи, контролира и дава иницијативи за унапредување на работата во експозитурата;
  • Да се грижи и предлага можности за зголемување на профитот во експозитурата каде што е претпоставен;
  • Одговара за генерирање на побарувачка за кредити и одржување на тековното кредитно портфолио, како и за успешна дистрибуција на останатите банкарски производи и услуги;
  • Активно учествува во аквизиција на клиенти, иницира состаноци со клиенти и гради продажна и претприемачка култура во експозитурата и придонесува во носењето на квалитетни кредитни одлуки;
  • Ја претставува експозитурата на позитивен и професионален начин на локално ниво и е одговорен за локалниот имиџ на Банката;
  • Одговара за исполнувањето на бизнис целите и финансиските резултати на работењето на експозитурата.
 
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик со фотографија и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 02.10.2019 година.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more