Во рамките на своите компании лоцирани во Германија, Полска, Турција, Холандија, Шпанија, Франција, САД и Русија и со околу 1.200 вработени, Киeл е силен и сигурен партнер за задоволување на потребите на своите клиенти.
Во целиот свет, Киeл е признат по своите високо квалитетни производи, незаменлива експертиза и посветена работна сила. Со новата компанија "Киeл Македонија", која се наоѓа во Желино (Тетово), Киeл продолжува со својот ангажман за своите клиенти, со производство на седишта за автобуси.
Со цел проширување на својот тим, Киел Македонија има потреба од работници на позицијата:
ШИВАЧ
- Шиење на навлаки на седишта и единечни делови на машина за шиење
- Подготовка на шаблони за кроење со дополнителен додаток на рабовите и точки за означување на рабовите
- Кроење на големината на седиштето од обложените делови
- IV степен на стручна подготовка. Повеќегодишно работно искуство во областа на шиењето
- Познавање на елементи за сошивање и видови шиење. Способност да следи шаблони.
- Одговорна, иницијативна личност со изразена желба на припадност во тим.
- Подготвен да ги научи позициите на работа и нивни чекори
Загарантирани работни услови:
- Организиран превоз
- Лична заштитна опрема
- Редовна плата
- Дневни оброци
- Загарантирани права според Законот за работни односи