Vrabotuvanje.com - Менаџер за продажба - Скопје - Македонски Телеком АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Менаџер за продажба

Скопје

Application deadline:

  • Македонски Телеком АД Скопје

 
Македонски Телеком АД е водечки национален телекомуникациски оператор и е дел од Групацијата Дојче Телеком.Согласно својата мисија и стратегија за развој, компанијата постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, притоа воведувајќи новини во работењето, а се со цел да одговори на потребите на своите корисници. Во функција на остварување на оваа наша стратешка определба, постојано ги следиме и применуваме најновите методи и трендови во процесот на вработување и управување со човечките ресурси работејќи според највисоките светски стандарди.  
 
Заради пополнување на позиција во нашиот тим, имаме потреба од млади, талентирани  лица кои би сакале својата кариера да ја започнат на работно место.
 
Менаџер за продажба
 
Служба за клучни и големи корисници во Сектор за продажба за деловни корисниц во Област на главен комерцијален директор за деловни корисници
 
Што бараме
  • Анализа на кориснички потреби, подготовка на продажен пристап и планирање на активности за посети на корисници
  • Проактивни продажни активности, понуди на нов производ/ услуги со додадена вредност (VAS) up-sale и cross-sale, во насока на реализација на индивидуалните месечни цели по производи /услуги во соодветниот сегмент, како и задржување и зголемување на задоволството на корисниците
  • Подготовка на деловни понуди и интегрирани решенија од мобилна и фиксна телефонија и нивно презентирање на потенцијални/постоечки корисници од доделениот сегмент, преговори и склучување на договори со корисниците 
  • Подготoвка и процесирање на барања за подготовка на деловни понуди со индивидуални решенија 
  • Идентификација на нов потенцијал во рамките на својот сегмент на делување
  • Идентификување на корисници кај кои постојат можности за продажба на нестандардни решенија ICT или Cloud
  • Комплетирање на корисничка документација согласно поставените правила и процедури
  • Одржување на постојан контакт, официјална коресподенција и поддршка на корисниците и давање на feedback и иницијатива за локални потреби и промоции
  • Синхронизирање/оптимизирање на потребите на корисниците за комуникациски решенија со услугите од портфолиото на Компанијата
  • Следење на тендерски постапки, учество на тендери, усогласување и давање на предлог концепт и цени за настап на тендер во корелација со организациската единица за тендерски постапки
  • Следење и анализа на конкуренцијата во регионот, собирање на информации поврзани со промените на пазарот, анализа на повратните информации од корисниците и доставување на сублимирани повратни информации и предлог мерки 
  • Одговорност за вкупните приходи во сегментот на големи и клучни корисници
Што очекуваме:
  • Желба за работа со корисници
  • Натпреварувачки дух
  • Тимски играч
  • Отвореност и подготвеност за учење
  • Вљубеник во технологијата
Квалификации:
  • Високо или Вишо  образование - Технички факултет - Електротехника, Телекомуникации, Информациски технологии;      Економски  факултет или останати факултети                       
  • 1-3  година соодветно работно искуство
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Напредно познавање на MS Office
  • Работа со компјутери и соодветни апликации
  • Солидни технички познавања за модерните информациско - комуникациски технологии, искуство во понуда и обезбедување на интегрирани телекомуникациски и систем интеграциски решенија 
Работно време:
  • Работното време во компанијата е  флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00  часот) 
Што нудиме:
  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Компетитивна плата која се состои од фиксен дел и варјабилен кој  зависи од остварувањето на продажните резултати.  
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Бесплатен фитнес клуб во рамките на компанијата
  • Останати бенефиции како вработен во МК
Како да аплицирате:
Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx  и/или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за  - Менаџер за продажба
 
Огласот ќе биде објавен на ден  23.09.2019  година и ќе трае  до  27.09.2019  година
 
Контакт информации тел. 02/3 242-602, e-mail: career@telekom.mk,
 
Забелешка:
Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
 
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.
Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Marketing, PR and Media amounts to 28.527 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more