Vrabotuvanje.com - Возач на миксер за бетон - Скопје - ГД Гранит АД - Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Возач на миксер за бетон

Скопје

Application deadline:

  • ГД Гранит АД - Скопје

Оглас за вработување во ГД Гранит АД Скопје

ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија.Компанијата има имплементирано Интегриран Систем за Управување, согласно барањата на интернационалниот стандард за квалитет ISO 9001, стандардот за заштита на животната средина ISO 14001, како и безбедноста и здравјето при работа OHSAS 18001

ГД Гранит АД Скопје има потреба од

Возач на миксер за бетон – 3 извршители
 
Потребни квалификации:
  • Средна стручна спрема
  • Пожелно е да поседува минимум 3 години работно искуство како возач на миксер за бетон 
  • Возачка дозвола Ц категорија
Клучни одговорности и задачи:
  • Доследно го применува упатството за ракување и одржување на транспортните и други возила и ги извршува сите работи предвидени со упатството за ракување и одржување на возилото и тоа: промена на уље, филтери, систем за ладење, мерни инструменти, исправност на сопирачкиот систем, подмачкување, чистење, притегнатост на склопови, делови и друго и е одговорен за нивната доследна примена;
  • Секојдневно ја проверува и контролира исправноста на транспортното средство со кое е задолжен;
  • Ги применува и употребува предвидените заштитни средства имерки при работа и движење на возилото за лична сигурност и сигурност на другителица-учесници во сообраќајот;
  • Благовремено  го известува раководителот на транспортни средства за настанатите промени и дефекти во работата на возилото со кое е задолжен и превзема лично активности и мерки за поправка на возилото примонтажа и демонтажа на делови,гуми и друго.
Компанијата нуди:
  • Работен однос на определено време од 3 месеци со можност за продолжување
  • Работа во Скопје и на терен.
  • Основна Нето плата без прекувремени часови,додатоци и награди во висина од 16.870.00 ден
Личен профил:
  • Организираност и одговорност
  • Способност за тимска работа
  • Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
  • Способност за работа под притисок и на кратки рокови
 
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 07,00 до 15,00 часот. Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
 
Огласот трае десет работни дена од објавувањето.  
Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: jobs@granit.mk
 
За дополнителни информации кандидатите можат да ја контактираат службата за Човечки ресурси на тел. бр. 02 3218-748.  
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност вашите податоци да бидат задржани во базата на податоци на компанијата и користени од наша страна во рок од 6 (шест) месеци.
 
Само одреден број кандидати кои ги исполнуваат бараните критериуми ќе бидат повикани на интервју

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more