Vrabotuvanje.com - Техничар за електо и машинско одржување - Охрид - KOSTAL Group
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Техничар за електо и машинско одржување

Охрид

Application deadline:

  • KOSTAL Group

 

КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, VW, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс-Ројс. 

Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 

Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок., обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.

Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од

Техничар за електо и машинско одржување   (Maintenance Technician ELECTRICAL and MECHANICAL)
 

Работни задачи и одговорности: 
  • Одржување и подобрување на опремата за производство
  • Поправка и решавање на проблеми со производна опрема
  • Врши превентивно/предиктивно одржување
  • Иницирање на нови проекти поврзани со намалување на времето на застој и подобрување на производството
  • Оджува редовна евиденција за извршената работа, евиденција на потрошените резервните делови и предлага нарачка на нови
 
Образование, искуство, вештини:
  • ССС електро и машинска струка, ВСС Електро/Машинска струка ќе се смета за предност; 
  • +2 годишно искуство во оддржување на производствени машини;
  • Познавање на индустриска електроника и PLC програмирање; (задолжително е за електро струка)
  • Познавање на хидраулика и пневматика; (задолжително е за машинска струка)
  • Спретен во користење на електричен и машински рачен алат.  
  • Дијагностицирање на проблеми со опрема, замена на соодветни делови и нивно тестирање
  • Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook) како и нумерички способности; 
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);  познавање на германски јазик ќе се смета за предност;
  • Спремност за патување и подолг престој на обука во странство; 
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за Техничар за електо и машинско одржување   (Maintenance Technician ELECTRICAL and MECHANICAL)" преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
 
 
Краен рок за пријавување: 10 Oктомври,2019

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more