Vrabotuvanje.com - Дизајнер на Алати (Tool Designer) - Охрид - KOSTAL Group
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Дизајнер на Алати (Tool Designer)

Охрид

Application deadline:

  • KOSTAL Group

 

КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, VW, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс-Ројс. 

Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 

Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.

Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 

Дизајнер на Алати  (Tool Designer)

 

Работни задачи и одговорности: 

  • Развој на решенија за проблеми или оптимизација на опремата за производство;
  • Промена на дизајнерските податоци според развиените решенија;
  • Подготовка на соодветна документација за потребните промени, модификација или изготвување на 3Д/2Д цртежи;
  • Ажурирање на документацијата за опремата во база на документи.

 

Образование, искуство, вештини:

  • ВСС од Машинска струка; 
  • 3 годишно искуство во дизајнирање на алати за бризгање на пластични делови;
  • Потребно е познавање на програми за 3Д дизајн, претпочитано искуство со CATIA V5;
  • Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook) како и нумерички способности; 
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);  познавањер на германски јазик ќе се смета за предност;
  • Спремност за патување и подолг престој на обука во странство; 

 

Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за " Дизајнер на Алати  (Tool Designer)" преку полето Брза Апликација.

КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.

Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.


Краен рок за пријавување: 15 Oктомври,2019

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more