Администратор за мрежа и телекомуникации во Дирекција Информатичка технологија
Образование:
VII - 1 степен стручна подготовка - Диплома од универзитетско образование од компјутерски и телекомуникациски технологии.
Опис на работно место и одговорности:
Дизајн, инсталација и надгледување на мрежна инфраструктура;
Мониторирање на мрежна инфраструктира и мрежен сообраќај;
Конфигурирање на телекомуникациски уреди (router, switch, firewall, ips);
Конфигурирање и администрирање на антивирус и антиспам филтри;
Конфигурирање и администрирање на пасивна мрежна инфраструктура;
Администрирање и извршување на регуларни резервни копии;
Изготвување на детална техничка документација, мрежни дијаграми, мрежна инфраструктура и слична документација;
Следење на сигурност на мрежна инфраструктира и превенција од неовластен пристап;
Конфигурирање и администрирање на IP телефонија.
Способност:
Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи;
Тимски дух, позитивен став и однесување;
Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови;
Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето;
Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;
Поседување на возачка дозвола од Б категорија без старател;
Познавање на англиски јазик читање и пишување;
Сертификати од завршени специјализирани курсеви и обуки ќе бидат земени како предност;
Претходно работно искуство како мрежен администратор ќе биде земено како предност.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик со фотографија и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација, или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 11.10.2019 година.
Знаењето на кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе биде проверено и потврдено преку писмено и усно тестирање.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Administration amounts to 20.922 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!