Vrabotuvanje.com - Менаџер на магацин - Охрид - KOSTAL Group
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Менаџер на магацин

Охрид

Application deadline:

  • KOSTAL Group

КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
 
Менаџер на Mагацинi  (Warehouse Manager) во Сектор за Логистика
 

Работни задачи и одговорности:
  • Одговорен за примање, складирање и дистрибуција на материјали и готов производ преку иницирање, координација и спроведување на планот за работа;
  • Кооординира и планира раководењето на магациот и планот за логистика со цел да ги обезбеди соодветен прием на продуктивни и непродуктивни материјали во магацинот;
  • Кооординира и планира раководењето на магациот и планот за логистика со цел да ги обезбеди соодветен подготовка и испраќање на готов производ и непродуктивни материјали од магацинот;
  • Да обезбеди контрола и непречени движењет на материјалите во рамките на внатрешните магацини, кон и од производсвените области;
  • Раководи со тимот во магацини и го координира работењето меѓу- секторски тимови во компанијата ;
  • Ја одржува физичката состојба, урендноста и дисциплината на реководенј и логистичките процеси во одделот за магацини, и ги исполнува оперативните барања на магацинот;
  • Раководи со тим и се грижи за развој на знаењата и на потенцијалот на членовите на тимот;
  • Раководи со опремата која е во функција во одделот за магацини и нејзино оддржување и планирање ;
  • Го координира персоналот во магацин со регрутирање, избирање, ориентирање и обука на вработените;
  • Одговорен е за евалуирање на персоналот и нивна мотивација;
  • Следење на резултатите од работата, советување на вработените.
  • Исполнување на насоките за работа и остварува директна координација со Менаџерот за Логистика  ;
  • Обезбедува точна и навремена дневна координација и репортирање за доделените работни задачи ;
  • Обезбедува и се грижи за исполнуванје на доделените “KPI” за одделот за Магацини  ;
Образование, искуство, вештини: 
  • + 5 години работно искуство во логистика, дистрибуција или складирање на стоки;
  • Искуство на слична позиција стекнато во интернационална компанија;
  • ВСС – Логистика, Економија, Инженеринг, Организациски Науки ;
  • Напредни способности за комуникација, добри аналитички способности и способност за решавање на проблеми ;
  • Познавање, почитување и примена на важечки закони, пропписи и професионални стандарди  ;
  • Напредно познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
  • Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Access, e-mail);
  • Искуство во работа со SAP или друг  ERP систем ;
  • Соодветно искуство во Автомобилска индустрија се смета за предност;
  • Искуство во работа на B2B проекти и опкружување се смета за предност ; 
  • Познавање на германскиот јазик, како и искуство во работа со SAP или други ERP/MRP софтвери ќе се смета за предност; 
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за " Менаџер на магацин  (Warehouse Manager)" преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
                                                                                            

Краен рок за пријавување: 16/10/2019

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more