Секое претходно работно искуство во истата област ќе се смета како предност
Компанијата ќе обезбеди редовни месечни примања и превоз до и од работното место
Опис на работни активности за позиција електро инженер за одржување
Потребни квалификации:
Образование ВСС Електротехнички факултет – насока автоматика и системско инжинерство
Работно искуство – минимум 3 години на иста или слична позиција
Задолжително познавање на англиски јазик
Одлично познавање на работа со компјутер (MS Office, AutoCAD, CAD CAM, MS Project)
Одговорности и задачи:
Дел од тимот за електро одржување на опремата
Грижа за одржување на опремата во исправна состојба
Обезбедување на непречено функционирање на машините
Дијагностицирање на дефекти на електронски и електрични делови и системи
Го координира работењето од областа на електро одржување во
секојдневното работење на своите тимови
Се грижи за заштита и унапредување на животната средина
Извршува активности поврзани со планирање организирање и кординација на сите активности во одржувањето од својата зона
Соработува со одговорните лица од произвоство со цел проектирање на оперативни активности за интервенција
Ги утврдува потребите за резервни делови и материјали во својата зона на работа
Учествува во имплементација на нови проекти
Изработува неделни и месечни извештаи за обемот и квалитетот на извршените работни задачи
Планирање и распоред на активности за редовно одржување, подготовка на извештаи и оптимизација на залихи на резервни делови
Водење планови за производство изработка на листи за обука
Работа врз основа на дневни, месечни и годишни планови за произвоство
Организирање и архивирање документација за тековната работа
Личен профил:
Способност за самостојна и тимска работа
Високо развиени комуникациски и организациски вештини
Одлични аналитички способности
Професионален и позитивен однос
Желба за работа и напредок во кариерата
Амбициозност и мотивираност за развој и унапредување
Доколку имате желба да бидете дел од успешниот тим испрате ни ја вашата кратка биографија (CV) преку полето брза апликација со задолжителна назнака Електроинжинер за одржување.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Electrical Engineering amounts to 22.219 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!