Vrabotuvanje.com - Продажен асистент - Скопје - Балкан Мастер ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Продажен асистент

Скопје

Application deadline:

  • Балкан Мастер ДОО
ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ
 
Балкан Мастер ДОО Скопје ќе отвори продавници во Скопје во кои ќе се продаваат производи на италијански моден бренд со повеќе од 40 години традиција.

Поради тоа, се бараат продажни асистенти со полно или скратено работно време со следниве квалификации и карактеристики:
  • Диплома за завршено високо образование;
  • Да поседува вештини за градење на тим, како и интерперсонални вештини; аналитички вештини и вештини за планирање, фокусираност кон резултати, добри деловни вештини, дисциплинираност и учтивост.
  • Солидно познавање на англискиот јазик;
  • Со или без професионално искуство како продажен асистент;
Главни задачи на продажниот асистент:
  • Надзор над работењето на продавницата и надгледување на соодветните услуги кон купувачите, како и познавање на квалитетот на стоката што се продава во продавницата;
  • Обезбедување систематско поставување на стоката во продавницата;
  • Вложување максимален труд да се зголеми продажбата во продавницата, како и да ги достигне, а доколку е возможно, и да ги надмине поставените цели;
  • Упатување на купувачите кон стоката што ја бараат;
  • Советување на купувачите во однос на квалитетот на понудената стока;
  • Обезбедување добро трговско претставување на понудената стока;
  • Осигурува достапност на етикетите и укажување на куповната цена за понудената стока;
  • Нема да открива или обелоденува никакви доверливи информации или податоци во однос на гореспоменатите одговорности кон ниту една личност или правно лице;
  • Одговорност за техничка и противпожарна безбедност во согласност со правилата за заштита на здравјето и безбедноста на Друштвото;
  • Преземање на задолженија и задачи што спаѓаат во рамки на неговата/нејзината работна позиција или се доделени од страна на управителите на Друштвото. 
     
Сите кандидати треба да ги достават своите биографии (CV) на англиски или македонски јазик (по можност на англиски јазик)  на следниов мејл job@balkanmaster.com. Почетните интервјуа со избраните кандидати ќе се одржат во тек на првата половина на месец ноември 2019 година.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more