Оглас за работа: Техничар во одржување- електричар/ Maintenance Technician - Electrical
Локација: Скопје, Македонија
Clean Air Division е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.
Џонсон Мети има потреба од Техничар во одржување - електричар кој ќе му се придружи на тимот за Одржување во фабриката за автокатализатори во Скопје, Македонија.
Главни одговорности
- Одржување на опрема од погонот за производство и останата опрема која што го подржува работењето на истото, обезбедувајќи максимална ефикасност и минимално потрошено време
- Справување со електрични дефекти, инсталации и превентивно одржување
- Придонес кон развој на одделот со предлози/идеи за подобрување на ефикасноста, продуктивноста и безбедноста во сите работни области
- Грижа за резервните делови
- Работа со останатите колеги на совладување проблеми и изнаоѓање решенија, и сл.
- Можност за стекнување знаења од областа на електротехниката во мултинационална компанија во и надвор од границите на државата
Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?
- Задолжително средно образование (техничка струка) / Високо образование (Дипломиран електро инженер енергетика) би било предност
- Пожелно е професионално искуство во оддел за електро одржување
- Техничко знаење и искуство во одржување електрични апликации на низок напон на електрични системи
- Познавање на опрема за автоматика: релејно контакторска опрема, сензори, индустриски мрежи и опрема за управување
- Способност за независно работење, ефикасно решавање на проблеми под притисок со зададени рокови
- Потребно е основно познавање на говорен и пишан англиски јазик како и MS Office пакет
Позицијата подразбира работа во смени со распоред 24/7
Како да аплицирате:
Интерните кандидати треба да го информираат својот претпоставен за нивната намера за аплицирање.
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, ве молиме да аплицирате на следниот линк:
https://bit.ly/2WnV2A2
Во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.
Краен рок за аплицирање: 9 Ноември 2019